Author: Соња Крамарска

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице- Раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба. Службеникот, како што се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција, постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, затоа што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираа буџетот на МВР за 2023 година. Ковачевски најави дека со зголемувањето од 6 отсто, идната година буџетот на ова министерство ќе изнесува 182,7милиони евра кои се за модернизација, и подобри услови за работа на полицијата. „Темелот на нашиот безбедносен систем е добро подготвена и добро опремена полиција. Нема да запреме со редовна исплата на плати и бонуси на полицајците, со купување нова опрема, а ќе продолжи и реновирањето на објектите“, рече тој. И во овој буџет е планирана ставка за исплата на бонус плати за 2022 година,…

Read More

Белгиската разузнавачка служба тесно соработуваше со други европски земји повеќе од една година за да го открие скандалот со мито што сега го тресе Европскиот парламент, соопшти Министерството за правда, пренесува Еуроактив. Обвинителите се сомневаат дека грчката европратеничка Ева Каили и уште три други примале мито од домаќинот на Светското првенство Катар во обид да влијаат врз креирањето на политиката на Европската унија во еден од најголемите скандали што го погоди европскиот блок од 27 земји. Катар и Каили негираа дека сториле нешто лошо. „Ние бевме премногу наивни… премногу долго“, рече портпаролот на Министерството за правда, мислејќи на, како што…

Read More

Во Црна Гора се очекува претседателот Мило Ѓукановиќ да го потпише изменетиот Закон за претседател, а по објавувањето во Службен весник ќе го именува мандатарот за состав на новата влада, кандидатот на старо-новото парламентарно мнозинство, Миодраг Лекиќ. Лекиќ, кој е претседател на Демос и пратеник, најави дека во парламентарното мнозинство се водат интензивни разговори за новата влада. „Бараме претседателот да ги повтори консултациите и да го одреди мандатарот, а очекувам дека Ѓукановиќ ќе го стори тоа. Ова би била прва влада по демократските промени со целосен легитимитет“, изјави Лекиќ за подгоричката телевизија Нова М. Тој нагласи дека по две години…

Read More

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски ја информира јавноста дека дојави за бомби пристигнале во девет основни и едно средно училиште на територија на општина Куманово. Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“. „Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени. Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме…

Read More

ЕСМ почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Македонија и повикот е објавен и на веб страницата на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба, за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди. Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01- 30.04.2023. Индивидуален договор, месечен или за целиот…

Read More

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, е оптимист за решавање на кризата во Косово. Тој смета дека не е време за милитаризација туку за преговори и дека Србија не треба да ја враќа војската на Косово. Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан. Здружувањето е неопходно, бидејќи „иднината ќе ви биде подобра во интеграциите, отколку преку разделување“, кажа Ескобар во интервјуто за белградска Н1. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Ескобар, по средбата со Александар Вучиќ и Мирослав Лајчак во Белград, порача дека „постојат елементи на оптимизам“ во поглед на решавање на кризата на…

Read More

Францускиот напаѓач Антоан Гризман е прогласен за најдобар фудбалер на полуфиналниот натпревар од Светското првенство во 2022 година против Мароко. По синоќешната средба која заврши со победа на Французите од 2:0, на Гризман му беше доделена наградата. Триесет и едногодишниот Французин го одигра целиот натпревар. Тој беше иницијатор на нападот во 5. минута по што Тео Ернандез го отвори резултатот. Во финалето на Светското првенство 2022 година, репрезентацијата на Франција ќе игра со Аргентина. Средбата ќе се одржи в недела (18 декември) со почеток во 16 часот.

Read More

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во Агенцијата за национална безбедност, каде има и претходно повеќегодишно искуство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот. „Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање при МВР, а…

Read More

Во велешките откупни центри тече откупот на тутунот, задоволни се и производителите и откупувачите од сите три откупни центри, вели извор за Агротим. Прва класа на тутун се откупува за 300 денари, втора за 240, трета за 180 денари. Во велешко Богомила има три откупни центри на тутун и просечно дневно се откупува 5-7 тони тутун. Од квалитетот на произведениот тутун задоволни се и производителите и откупувачите, околу 80 проценти од предадениот тутун досега е проценет како прва класа. За тутунопроизводителите има и субвенции по килограм тутун, во зависност од класата произведен и предаден тутун им следуваат по 80, 70…

Read More

Угледот на ЕУ на меѓународната сцена зависи од истрагата за случајот со корупција наречена од медиумите „Катаргејт“, изјави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел на Форумот за човекови права, нагласувајќи дека корупцискиот скандал во кој е вмешан Европскиот парламент доведе до тоа „луѓето да се смеат на ЕУ”. Минатата недела, властите во Белгија, дом на Европскиот парламент, извршија неколку апсења и претреси во Брисел како дел од истрагата за сомневања за корупција поврзана со Катар. Конкретно, приведена е потпретседателката на Европскиот парламент, грчката политичарка Ева Каили и нејзиниот партнер, а претресена е и нејзината резиденција. Како дел од истрагата,…

Read More

Руската инвазија на Украина конечно ја разбуди Европската унија за стратешкото значење на Западен Балкан и потенцијалот на Москва да ги искористи нерешените спорови во регионот за да го поткопа Западот, пренесува Политико. Лидерите на ЕУ сега мора да го искористат геополитичкиот момент за да ја обноват интеграцијата на шесте мали, економски кревки земји со вкупно население од помалку од 18 милиони жители во Унијата, или ризикуваат да ги користат Русија и Кина во нивните игри на моќ. И покрај длабокото разочарување од темпото на напредок со брзина на полжав, откако ЕУ официјално им даде перспектива за членство во 2003 година, пристапот…

Read More