Author: Соња Трајковска

https://www.youtube.com/watch?v=B_e9s8Nl01c Предлог – законот за употреба на албанскиот јазик, предвидува претседателите и потпретседателите на Собранието, во случај да се Албанци, да можат да ги водат седниците на нивен мајчин јазик, додека сите акти што ќе се донесат, ќе бидат исто така двојазични, објави Алсат М. Се предвидува и министрите по првпат да можат да зборуваат албански на владините седници, потоа негова употреба во судската власт, на таблите на граничните премини и друго.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=7mMqrLWsgkc Тим од Специјалното јавно обвинителство влегло и во телевизијата Канал 5. Обвинителството не открива што истражува во телевизијата и каква документација побарале, бидејќи постапката била тајна. Дел од медиумите пишуваат дека СЈО го истражува финансиското работење на медиумската куќа. Во петокот СЈО исто така влезе и во Медиа Принт Макединија, каде исто така “ја чешлаше“ документацијата.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=nwruic8c8PA Сè додека раководството на Македонски железници не ја исплати и јануарската плата возовите нема да тргнат. Ова е ставот на вработените во двете секции на ова јавно претпријатие, односно Транспорт и Инфраструктура. Железничкиот сообраќај веќе трет ден е во прекин, уште од петокот, а железничката станица во Скопје е празна.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=NxlzuR6ICGU Владините мерки за стимулирање на нови вработувања во приватниот сектор, преку даночни ослободувања, придонесоа за раст на вработеноста, но на ваков начин се создава лажна слика за реалните состојби на пазарот на труд, анализира порталот Portalb.mk. Овој концепт на директна државна интревенција беше нотиран и во последниот извештај на Светска Банка. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик. https://www.youtube.com/watch?v=HDYpWuNCViM

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=cuoHmRiEKd0 Малезија го отповика својот амбасадор во Северна Кореја во време на тензии меѓу двете земји по смртта на Ким Јонг нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун, за кого има сомнение дека е отруен на аеродром во Куала Лумпур, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на оваа земја. И покрај противењата на Пјонгјанг, Малезија изврши обдукција на телото и одбива да го предаде телото на Сверна Кореја.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=UEAAy7gIJF4 Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс Ли Џае јонг уапсен е во рамки на истрагата за корупција која довде до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје. Едно од обвиненијата е дека тој дал мито 36 милиони долари мито на советничката и пријателка на отповиканата претседателка, Чои Су Сил, за да му помогнат да застане на чело на компанијата што ја води татко му. Вести на НОВА на македонски и на албански јазик.  https://www.youtube.com/watch?v=IZEIW5RWMSM

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=UXMZ0EdphBo Секоја брза реакција може да има фатални последици а наскоро ќе има резултат и конкретен одговор за нова влада, изјави вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети. ДУИ продолжува да ги анализира документите испратени од СДСМ кои, според Ахмети, не содржат «некакви атомски бомби“, туку се работи за конкретни прашања кои се однесуваат на интересите на Албанците и нивниот правен и политички статус.

Read More