Author: Соња Трајковска

https://www.youtube.com/watch?v=5Z_sQLaBXsY Во Вашингтон во тек е церемонијата на инаугурирање на новиот претседател на САД Доналд Трамп. Во приусутво на, меѓу 700 и 900 гости, Трамп положи заклетва како 45 претседател на една од најмоќните држави во светот; На децата бегалци и мигранти им се закануваат респираторни и други сериозни болести дури и смрт од хипотермија од екстремниот студ и невреме што беснеат низ Централна, Источна и Јужна Европа, соопштија денеска од УНИЦЕФ; По поплаките за проблеми со електронските картички за ЈСП, НОВА направи истражување кој стои зад овој проект. Вести во една минута на НОВА.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=L-584IORhy8 Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп денеска ќе биде инаугуриран како 45 американски претседател; Според милијардерот и инвеститор, Џорџ Сорос, тешко е да се очекува дека премиерката на Велика Британија, Тереса Меј подолго време ќе се задржи на функцијата, додека во Доналд Трамп смета дека се крие “диктаторство“; Еден од најпознатите мексикански нарко босoви Хоакин „Ел Чапо“ Гузман вчера е екстрадиран од северно Мексико во САД, ден пред денешната инаугурацијата на Доналд Трамп. Вести во една минута на НОВА.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=6jN7hKWY6c4 Преземете одговорност за стабилноста на регионот и фокусирајте се на процесот за европска интергација, е пораката на  Иво Вајгл, известувачот на Европскиот парламент за Македонија; По силниот земјотрес кој ја погоди централна Италија, снежна лавина затрупа хотел во планинскиот регион Абруцо; Попладнево македонската ракометна репрезентација ќе игра со Исланд, на Светското првенство во ракомет. Вести во една минута на НОВА.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=fIMInzvkclY „Таргет“ и „Тврдина“ ќе докажуваат кој прислушувал, откако Специјалното јавно обвинителство денеска го повлече случајот Пуч, бидејќи „фактичката состојба во обвинителниот акт  е спротивна  со доказите со кои тие располагаат“; Според Пи Ем 2.5 честиците во воздухот, кои многу лесно се вдишуваат, Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа, покажува најновата студија на Финскиот метеоролошки институт; Американските новинари му упатија отворено писмо на идниот претседател Доналд Трамп, во кое истакнуваат дека тој развил сериозна недоверба кон медиумите и му предочуват што треба да очекува од нив во следните четири години. Вести во една минута на НОВА.

Read More

Специјалното Јавно обвинителство со поднесок до Основниот суд Скопје 1 , се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“, соопштија од обвинителството; САД воведоа санкции против претседателот на Република Српска Милорад Додик, поради како што се наведува во образложението, опструкции на Дејтонскиот договор; Американскиот претседател Барак Обама ја преиначи казната на Челси Менинг, , а минатата недела Џулијан Асанж соопшти ќе прифати да биде екстрадиран во САД доколу Обама одлучи да ја преиначи казната на Менинг

Read More

Со нова обврска кон СЈО заврши и второто подготвително рочиште за случајот Тврдина 2 во која обвинетиот началник на петтата управа на УБК Горан Грујевски и неговите шест колешки се товарат за уништување на службена документација поврзана со опремата за прислушување; Британската премиерка Тереза Меј порача дека нејзината земја сака чист развод со ЕУ, вклучително и напуштање на заедничкиот пазар;Рускиот претседател Владимир Путин денеска, на прашањето за односите со новиот американски претседател Доналд Трамп реше дека не го познава лично, и нема причини ниту да го брани ниту да го напаѓа.

Read More

Денеска во Основниот суд 1 Скопје започна судскиот процес за случајот на СЈО наречен „Тврдина 2“, во кој поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујевски и уште шестмина други вработени во оваа Управа се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција за набавка на опремата за следење на комуникациите; Европскиот парламент денеска бира наследник на Мартин Шулц; Фатен жив напаѓачот од Истанбул, бил член на азиска ќелија на Исламската држава

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=BvNXvrwFVBY Употребата на албанскиот јазик во согласност со Охридскиот договор и Уставот, еднакво со македонскиот јазик, го прави општеството посилно, пообединето и постабилно заокружувајќи ги тој начин нормативните обврски од Охридскиот мировен договор, се вели во соопштението на ДУИ како одговор на ВМРО ДПМНЕ; Фондацијата Отворено Општество во изминатите 25 години инвестирала над 145 милиони долари, од кои и во проекти на повеќе владини институии; Започна Вевчанскиот карневал со над 1,000 маски. Политичката сатира е еден од главните белези на овој карневал. Вести во една минута на НОВА. 

Read More