Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Соња Петрушевска
Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, синоќа го напуштил затворот Идризово. Не се знае колку време Спасов бил надвор од затворот. Се вратил сам во 1 часот и 50 минути – потврдија за НОВА од Управата за извршување на санкции кои денеска беа во надѕор во затворот. Неколкучасовното бегство на Спасов го пријавиле затворските чувари на полноќ, кога виделе дека Спасов не е во својата ќелија. Час и половина подоцна, Спасов се вратил во затворот. Против него е поднесена дсициплинска постапка и тој е преместен во самица. Директорот на Идризово, Антонио Димов, цел ден не се јавуваше на телефонските повици…
Наместо за Законот за јазици, пратениците да дебатираат за реформските закони на кои ќе им се даде приоритет. Во меѓувреме да се формира работна група која ќе изготви нов текст на Законот за јазици – ова е предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за деблокада на Парламентот. Мицкоски повтори дека ВМРО ДПМНЕ нема да ги повлече амандманите поднесени за Законот за јазици и очекува пратениците да дебатираат по секој од 35 илјади амандмани. „Ако се претставуваат за реформска влада, тогаш нека дадат приоритет на реформските закони, ајде да се фокусираме на реформите за доброто на сите граѓани “…
Различното толкување на собранискиот Деловник, како што пратениците од СДСМ и ДУИ го дефинираат блокирањето на Собранието со Законот за јазици, се заканува сериозно да ги наруши односите меѓу коалиционите партнери. Компромис за непопустливите позиции на кои реферираат од двете партии ќе се бара на средби на работните групи на партиски функционери. ,,Одлучивме да не брзаме, туку ова прашање подетално да го разгледаме – изјави висок партиски функционер од СДСМ за НОВА.Според него, за амандманите кои не се однесуваат за оценување на уставноста на законот, треба да се гласа. Право на пратеници е да поднесуваат амандмани , и никаде во…