Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Закон за јазици: Мали се шансите ДУИ да се согласи со СДСМ

3
By Соња Петрушевска on March 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 7, 2018 12:39

Различното толкување на собранискиот Деловник, како што  пратениците од СДСМ  и ДУИ го дефинираат блокирањето на Собранието со Законот за јазици,  се заканува сериозно да ги наруши односите меѓу коалиционите партнери. Компромис за непопустливите позиции на кои реферираат од двете партии ќе се бара на средби на работните групи на партиски функционери.

,,Одлучивме да не брзаме, туку ова прашање подетално да го разгледаме – изјави висок партиски функционер од СДСМ за НОВА.Според него, за амандманите кои не се однесуваат за оценување на уставноста на законот, треба да се гласа. Право на пратеници е да поднесуваат амандмани , и никаде во Деловникот не е наведено дека не смеат да поднесуваат амандмани коментира тој.

Меѓу амандманите  што ги поднесе  ВМРО ДПМНЕ, голем број  се однесуваат и за  намалување на казните за државните органи кои се  пропишани во законот.

Дел од аналитичарите токму тука гледаат шанса за компромис – парламентарното мнозинство да се согласи да прифати намалување на казните , со што би го отвориле и патот за враќање на опозицијата во Парламентот. Според членот 22 од Законот за јазици, се предвидува казна од 4000 до 5000 евра за органот кој нема да ги спроведува одредбите од законот.

Во ДУИ не се согласуваат  да се отвори дебата по кој било од  амандманите од ВМРО ДПМНЕ. Од партијата велат дека пратениците не треба да ја оценуваат уставноста на законот, што се бара со амандманите.

Ова го потврди и претседателот на Собранието Талат Џафери кој во  емисијата „200“ на телевизијата Алсат рече дека е подготвен да закаже уште една седница на која директно ќе се гласа за донесување на Законот за употреба на јазиците, без  да се прифати разгледување на 35. илјади амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Според Џафери, ВМРО-ДПМНЕ ќе има право на процедурална забелешка. Тој потврди дека  седницата била одложен,  бидејќи  пратеници на СДСМ се изјасниле дека нема да гласаат за законот, но нагласи дека стабилноста на коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ не е загрозена и покрај несогласувањата.

Законот за јазици е трет пат на разгледување во Собранието, откако претседателот Иванов одби да го потпише указот за прогласување на законот, по што ВМРО ДПМНЕ поднесе повеќе од 35 000 амандмани. ВМРО ДПМНЕ тврди дека законот е против уставен и неприменлив и бараат да се повлече – од ДУИ пак неколкупати повторија дека со истот текст се согласила и сегашната опозиција кога преговараа  за составување на новата влада.

Законот за јазици беше тема и на викенд средбите меѓу претседателот на ВМРО ДПМНЕ  Мицкоски со  Ахмети и  премирот Заев – но не беше постигнат договор. Како што рече Заев, ако се има малку разум, законот треба да се донесе во Собранието, па кој смета дека не е уставен да го оспори пред Уставниот суд, а не да се блокира Собранието пред вакви важни моменти за изгласување еден куп реформски закони од кои зависи европската иднина на Македонија.

,,Ако почне расправата за илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за законот за јазиците ќе бидат потребни најмалку 6 месеци за да се завршат сите. Овие амандмани се поднесени за неуставноста и ако се има малку разум ќе се даде можност за законот да се усвои. Собранието не е толкувач дали некој закон е уставен.  Уставниот суд е тој што може да се произнесе за законот,, изјави Заев.

Рокот што партите  сега си го дале за договор околу Законот за јазици е една недела, но добрите познавачи на приликите сметаат дека е невозможно во таков кус рок да дојде до усогласување на коалиционите партнери- СДСМ и ДУИ.

 

 

 

 

 

 

амандмани Закон за јазици Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.