Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со канцеларијата на Националниот демократски институт (НДИ) во Северна Македонија. На средбата присуствуваа Роберт Скот Хејзлет, директор на НДИ-Северна Македонија, Лидија Стојкова Зафировска, програмски директор и Насер Бислими, програмски офицер. Заменичката Грковска се заблагодари за долгогодишната поддршка која ја дава Националниот демократски институт на Северна Македонија, потенцирајќи дека Владата продолжува посветено да работи на спроведувањето на реформите за добро владеење. На средбата беше позитивно оценета поддршката што ја дава НДИ и беше истакнато дека Северна Македонија бележи напредок во спроведувањето…
Министерот за здравство, Беким Сали, денеска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која посебнa благодарност изрази за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и СЗО во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“. – Република Северна Македонија е посветена на натамошно инвестирање во здравствените реформи и продолжување на напредокот постигнат претходно, со цел постигнување на стандардите на ЕУ. Нашата земја покажува значително подобрување на показателите за перинатална грижа, Во последните неколку години, благодарение на поддршката од СЗО – стапката на неонатална смртност се намали…
Целта на оваа Влада е животниот стандард на граѓаните да расте. Затоа, создаваме услови за одржлив раст како на минималната, така и на просечната нето плата, а воедно се подготвуваме да отвориме дијалог за раст на пензиите, истакна премиерот Димитар Ковачевски по повод посетата на текстилната компанија „Текспорт“, која повеќе од 20 години работи во земјава. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, кој за време на посетата на оваа компанија беше придружуван од министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, изрази задоволство што од март годинава, 80.000 работници, наши сограѓани ќе земаат минимална плата од најмалку 18.000 денари, што е…
Низата инциденти и зголемениот говор на омраза насочени против припадници на еврејската религиозна група „Лев Тахор“, кои привремено престојуваат во Северна Македонија, го покажуваат ниското ниво на толеранција кон различните и високиот степен на ксенофобија во општеството, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права. – И покрај тоа што Министерството за внатрешни работи, односно Агенцијата за национална безбедност, веднаш излезе со информации дека оваа група има привремен и регулиран престој во земјава и дека таа не претставува никаква опасност по безбедноста на граѓаните, тоа не ги спречи изливите на омраза кон нив и нападите со камења и…
Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за еветуално зголемување. Не треба да се грижиме дека ќе земеме од некаде за да им дадеме на пензионерите. Пензионерите се осигурени со тоа што имаат доста средства во Фондот на ПИОМ, рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по денешната заедничка прес-конференција со министрите за економија…
Меѓу голем број проекти од над 100 земји во светот, заедничката програма за воспоставување на Инструмент за зелено финансирање (GFF) од Северна Македонија е избрана како една од десетте најдобри програми според глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој (ЦОР). Изборот е врз основа на нејзиниот потенцијал за постигнување значајни одржливи резултати, мобилизација на значително ко-финансирање од повеќе извори и ниво на подготвеност за реализација, информира владиниот сектор за односи со јавноста. Со финансиска поддршка од Заедничкиот фонд за ЦОР, оваа програма ќе создаде нов финансиски инструмент што ќе обезбеди пристап до поевтино финансирање за мали и средни претпријатија,…
Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишната жртва, која не добила заштита од институциите, откако во вчерашното сведочење, велешанката Павлина Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да се одмазди за убиството. Дваесет и тригодишната Илоска која во самоодбрана го уби својот парнер денеска, како што објавивме претходно, беше ослободена од обвинението од велешкиот суд. „Во согласност со Кривичниот законик, нужна е одбраната, која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес имаше средба со директорот на канцеларијата на Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) во земјава, Анди Аранитаси. На почетокот на средбата вицепремиерот Маричиќ и директорот Аранитаси изразија задоволство од досегашната соработка во рамки на реализацијата на Стратегијата за соработка 2018-2023, како и очекување за продолжување на соработката во претстојниот период со воведувањето на ИПА 3 во рамки на инвестицискиот фонд за Западен Балкан (ИФЗБ), како дел од Агендата за поврзување, и тоа приоритетно на проекти кои произлегуваат повеќе од Зелената агенда, вклучително и проекти за чиста енергија и…
Судот во Велес на денешното рочиште ја ослободи од обвинение 23-годишната велешанка Павлинка Илоска. Илоска беше обвинета за убиство во миг кое го сторила во самоодбрана, додека била физички и вербално малтретирана од својот партнер и му нанела рана со нож со смртни последици. „Во согласност со Кривичниот законик, нужна е одбраната, која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неоспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот, кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и на вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот…
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе покрене иницијатива за поведување постапка за кривично гонење во Основното јавното обивнителство против поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски и против актуелниот градоначалник на Општина Студеничани Азем Садики. Како што беше појаснето на денешната седница на Антикорупциската комисија, за екс градоначалникот Георгиевски постојат основи за сомневање во врска со изградбата на катастерска парцела во Општина Маџари на ул. „Перо Наков“ од фирмата „Електроелемент“, односно новиот салон за автомобили на „Волво“, додека основи за сомневање постојат врз основа на Ревизорски извештај, за недомаќинско работење и трошење на средства од Буџетот, како…
Граѓани, фирми, здруженија и државни институции наплатија над 4 милијарди денари (66,2 милиона евра) од осигурителните компании за настаните штети покриени со неживотно осигурување во 2021 година. Вкупниот износ на исплатени штети (бруто исплатени штети БИШ) минатата година е повисок за 14 отсто во споредба со 2020 година. Лани се исплатени речиси 80.000 пријавени штети, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување. За пријавени штети врз осигуран имот осигуреници лани наплатиле 13 отсто повеќе од 2020 година. Сите 11 осигурителни компании за неживотно осигурување за штети врз осигуран имот лани исплатиле 710 милиони денари (11,5 милиони евра). Друштвата…
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ вели дека искористувањето на можностите кои ни ги нуди членството во Унијата е можност за да си го подобриме животот, но и дека секој граѓанин може да помогне во европеизацијата на општеството. – Нашите заложби да станеме дел од Европската Унија значат дека се стремиме кон создавање посредена држава, а можностите за членка на ЕУ значат можност за подобрена инфраструктура, подобри патишта, железници и сл., повеќе можности за развивање на бизнисите, подобро образование, преку поголема поддршка од европските фондови за да постигнеме подобар квалитет на живот за нашите граѓани, повисок стандард,…