Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
За проверка на квалитетот на течните горива во земјава отсега ќе бидат потребни два часа наместо досегашните три дена. Испитувањата ќе се прават во лабораторијата која работи во рамки на Бирото за метрологија. Лабораторијата е опремена со автоматизирана опрема со седум мерни инструменти и екипирана е со стручен кадар обучен за тестирање на повеќе од 10 параметри на мазутот. Опремувањето чини 24 милиони денари. Со ова, според надлежните, резултатите од анализите ќе се добиваат во кус временски период и во промет ќе се пуштаат само горива со проверен квалитет. – Веќе на државата и на државните институции нема да им…
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции преземаат серија чекори за надминување на енергетската криза и заштита на стандардот на граѓаните. Од утре, АД ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и топлана „Скопје Север“ со што ќе се реши кризата со топлинска енергија, а граѓаните на Скопје до крајот на грејната сезона ќе имаат парно греење до 1 часот по полноќ, вели Дарко Каевски, пратеник од СДСМ. Претходно преземени се решенија со кои се искористија сите расположливи домашни капацитети за производство на електрична енергија. – Денес, АД ЕСМ покрива 100 % од потребите на универзалниот снабдувач со електрична енергија…
Франција е многу важна држава членка на ЕУ без која не може да се утврди крупна политика во проширувањето, тоа го видовме и осетивме на своја кожа во 2019 година. Сметам дека напорите на претседателот Емануел Макрон се искрени. Тие помагаа и досега, заедно со Германија и други фактори, но тоа не значи дека проблемите ќе ни ги реши некој друг, туку дека треба да имаме амбиент во кој ќе имаме европско решение базирано на европски вредности, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“. Според Маричиќ, тоа што е важно и добро, е што Франција, која во…
Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ информира дека поради повторното ставање во употреба на жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и можноста бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП на линиите со број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат“ – Средно Водно) за време на викендите (сабота и недела) и на државни празници, на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати (за време на викенд и на државни празници). „Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендите (сабота…
Владата најостро го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови, односно стихови од химната на Северна Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков. „Воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната,…
Обвинителот Гаврил Бубевски од денеска е обвинител на Основното јавно обвинителство – Скопје, објави на својата веб страна Советот на јавни обвинители. Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Советот на јавните обвинители на денешната 42. седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.
Во канал за наводнување во близина на магистралниот пат А3 кај Виница е пронајдено безживотно тело на средовечна жена. Констатирано е дека се работи за 56-годишната Јасмина Л. од кочанската населба Оризари, која пред неколку дена во Полициската станица во Кочани била пријавена за исчезната. Смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид извршила увидна екипа на ОВР – Виница, а по насоки од Основното јавно обвинителство – Кочани телото на починатата е предадено на семејството.
Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејбук профил. Последната голема набавка на возила, потсети, е направена во 2008 година, многу од возилата во МВР се со лоши перформанси, се трошат финансии за поправка, а притоа се намалува и ефикасноста на работењето на полицијата. – Сакам да потенцирам дека ова се возила неопходни за секојдневната оперативна работа на полициските служби, а не возила за министри, заменици министри, директори или други функционери. Сите постапки се водат така како што е предвидено, а сѐ…
Во ЛДП, партијата која денеска излезе со предлог во новата Комисија за заразни болести да влезат и професорите д-р Никола Пановски и д- р Драган Даниловски во изјава за Нова ТВ велат дека ќе побараат на денешната владина седница одложување на второто полугодие и тоа како што предлагаат експертите, за околу две недели, не само поради пандемијата од ковид-19, туку и поради енергетската криза. Комисијата за заразни болести треба да `и препорача на Владата да ја одложи школската година барем за две недели, додека трае пикот од новозаразени од коронавирусот, порачува д-р Аспазија Софијанова, претседателка на Здружението на педијатри во…
Либералдемократската партија предлага во Комисијата за зарани болести да членуваат д-р Никола Пановски и д-р Драган Даниловски, двајцата лекари кои неуморно во текот на последниве две години од почетокот на пандемијата алармираат и споделуваат совети и препораки за граѓаните и совреме предупредуваат на епидемиолошката состојба во земјава, дознава Нова ТВ. Во ЛДП велат дека ако денеска на владината седница стане збор за новиот состав на Комисијата за заразни болести тие ќе ги достават своите предлози, но исто така ќе го информираат и новиот министер за здравство Беким Сали за нивниот предлог. – Во Комисијата за заразни болести треба да членуваат…
Има уште многу прашања коишто се отворени во однос на измените на Изборниот законик и тој процес треба да се отвори што побрзо, за да се даде шанса да се изнесат сите аргументи од сите политички партии во тој процес, изјави на денешната прес-конференција министерот за правда Бојан Маричиќ. Маричиќ посочи дека минатата година на двапати имаше измени на Изборниот законик, еднаш се случи измената поврзана со отпечатоците од прст како модел на идентификација на гласачите, а вториот пат во однос на имплементација на дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за изборниот циклус, но и дека било договорено овој процес повторно да се отвори по изборите.…
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски во денешното гостување на „Утрински брифинг“ истакна дека изминатиот период се воспоставени темелите на системската борба против корупцијата којашто ја немало 30 години и се немало храброст за многу работи да се направат. – Оваа позиција за којашто многу очекуваа и бараа да се укине, е меѓународно признаена и на барање на меѓународните партнери и поддржувачи и во разговори со новиот мандатар имаат констатирано дека оваа позиција мора да опстои, изјави Николовски. Тој нагласи дека првпат е донесен План за борба против корупција, а веќе е подготвен и нов План за борба…