Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Ги поставивме темелите на системската борба против корупцијата

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 15:27

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски во денешното гостување на „Утрински брифинг“ истакна дека изминатиот период се воспоставени темелите на системската борба против корупцијата којашто ја немало 30 години и се немало храброст за многу работи да се направат.

– Оваа позиција за којашто многу очекуваа и бараа да се укине, е меѓународно признаена и на барање на меѓународните партнери и поддржувачи и во разговори со новиот мандатар имаат констатирано дека оваа позиција мора да опстои, изјави Николовски.

Тој нагласи дека првпат е донесен План за борба против корупција, а веќе е подготвен и нов План за борба против корупција 2022 за наредниот период.

Има 18 мерки коишто веќе се имплементирани од претходниот План, и затоа е изготвен нов План за борба против корупција, рече Николовски.

– Триесет години никој немаше храброст да донесе Закон за потекло на имот. Денес ја имаме драфт верзијата којашто Совет на Европа ќе ја објави. Сега ДКСК може да води постапки само за државните функционери, не и за поранешни. Со новиот Закон за потекло на имот, за секој оној што има повеќе од 30.000 евра неоданочени приходи од претходната година може да се спроведува граѓанска постапка за проверка како е стекнат имотот. Дигитализацијата е процес на промена на 250 закони, процес што го води мојот кабинет, закони за подобрување на услугите кон граѓаните. Секаде каде што ќе го елиминираме човечкиот фактор таму сме се избориле да нема можност за корупција, рече вицепремиерот, додавајќи дека нашата земја треба да биде нов пример на дигитализирани институции и услуги во нивните работи.

Николовски потенцираше дека со мерките од Планот значително е подигнато нивото на транспарентноста на Владата и институциите, за прв пат се кратат членовите на управни и надзорни одбори, во функција е системот за следење на предмети и Регистарот за вистински сопственици.

– Донесовме нов Етички кодекс којшто е применлив не само за министрите туку и за сите избрани функционери, се спроведоа обуки за практична примена на Кодексот. Обврската на кабинетот што се воспостави е да се грижи за интегритетот, да иницира разрешувања и да се грижи за примената на Етичкиот кодекс. Ние воспоставивме темелни вредности, системски мерки коишто 30 години ги немаше. Сега системот е воспоставен, има силна меѓународна поддршка дека оваа позиција треба да опстои и да продолжи. После транзицијата, после режимот доаѓа време на храбри одлуки и сметам дека има генерација којашто не е должна никому, којашто е растоварена и преку вакви храбри чекори навистина може да го трансформира општеството и да збориме за владеење на правото, за законот да важи за сите, секој да плаќа данок, да нема недопирливи, да има одговорност и да има испорака на резултати, рече вицепремиерот Николовски.

Тој нагласи дека воспоставиле целосен систем и очекува од новата вицепремиерка да ги продолжи мерките, испораката на позитивни резултати и носењето на храбри одлуки и закони.

вицепремиер Корупција Љупчо Николовски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.