Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Mitreska
Министерството за надворешни работи на Бугарија го оцени како провокација рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ на режисерката Елена Мироненко. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за реакцијата против рускиот документарен филм „Една вера, еден јазик“ се, како што се посочува, наводите дека светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици немаат никаква врска со Бугарија. Според бугарското Министерство, филмот не е научно издржан и неточно се претставени историските периоди во него. Поради погрешно поставените или намерно изоставените фундаментални факти во филмот, бугарското Министерство за надворешни работи потсетува дека во рамките на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…
Важна ни е вашата поддршка околу процесот за почеток на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, само на тој начин во државата ќе се врати довербата во ЕУ која во овој период е разнишана, му порача денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп. Ковачевски денеска заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ се сретна со амбасадор Јан Коп, соопшти СДСМ. Лидерот на СДСМ, кој го доби и мандатот за состав на нова Влада, нагласи дека нашата стратешка цел е членство во ЕУ и за тоа…
Дисциплинска постапка против двајца полицајци ќе се покрене поради нивната реакција при излегувањето од притвор на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК вчеравечер најави директорот на скопскиот затвор Филип Андов во изјава за Радио МОФ. Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) го осуди односот на полицијата затоа што истуркале новинари и сниматели и ги попречиле во вршењето на нивната работа. Tие посочија дека ќе повикаат на одговорност во МВР, како и од директорот на затворот.
Најголемата домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“ проектира раст на приходите за 8 отсто во идната 2022 година. Во нивниот јавно достапен бизнис план за идната година пишува дека продажбата на асортиманот на „Алкалоид“ (консолидирано) се очекува да достигне 224 милиони евра. Од тоа продажбата на фармацевтски артикли ќе учествува со 87 отсто,а асортиманот на билкарство, козметика и хемија со 13 отсто во вкупната продажба. Извозот на „Алкалоид“ во вкупната продажба се очекува да учествува со 65 отсто, а пласманот на домашниот пазар ќе учествува со 35 отсто. Бизнис планот на компанијата предвидува дека во 2022 година во материјални и нематеријални средства да се…
Уставниот суд ќе ја почне новата година со преполовен кадар. Тројца од девет судии се со завршен мандат, а минатата недела му истекол мандатот и на четвртиот судија. Кацарска апелираше да се комплетира судот бидејки не можат да гласаат закони за кои е потребно двотретинско мнозинство. Никогаш, никој, ниту влијаел, ниту некогаш ќе може да влијае над мене, можам да гарантирам за себе, а убедена сум дека нема политички притисок и кај останатите судии на Уставниот суд, но сепак, секој одговара за својата работа, рече Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со впечатокот во…
Претседателoт на Собранието Талат Џафери денеска упати видео-честитка до сите граѓани во пресрет на Новата 2022 година. – Новата година е речиси на прагот и сега кога ја испраќаме Старата морам да признаам дека со нетрпение и со огромна доза на оптимизам се охрабрувам дека 2022 година нема да биде во ниту еден сегмент како оваа. За жал не можеме да кажеме дека беше лесна, ниту пак успешна. Напротив беше тешка, полна со предизвици, препреки, најтажно од се година во која паралелно со здравствените, економските и штетите по менталното здравје на глобално ниво што ги предизвика пандемијата со Ковид-19, вели…
Владата денеска ја донесе Одлуката за одобрување средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми. Согласно одлуката, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција. „Програмата за поддршка за печатените медиуми е покрената со цел да ја поттикне разновидноста на изворите за информирање како и да обезбеди одржливост на постоењето на овој традиционален вид на медиуми, наспроти брзо растечката дигитализација и во согласност со праксата која е присутна во многу земји и којашто е препорачана и поддржана…
Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат.. И потоа повторно – нов ден пред нас…, рече Филипче Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска му врачи подарок, уметничка слика, на поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, за време на церемонијата на доделувањето на благодарници за здравствените работници од Ковид-центрите. Уметничката слика е од авторот Мерсад Бербер, а му беше врачена на премиерот Заев од името на сите здравствени работници како благодарност за неговата поддршка…
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го повикува јавното обвинителство да ја прошири предистрагата за случајот со „Беса транс“, чиј автобус на 23 ноември изгоре на автопатот во Бугарија, објави„360 степени“. Министерството за внатрешни работи веќе трет ден молчи за случајот, откако беше објавено дека три месеци биле чувани во фиока неправилности откриени во станица за технички преглед, со што се доведува во прашање безбедноста во сообраќајот. Нова ТВ вчера побара одговори од надлежното министерство во врска со наводите дека неправилности биле откриени во август, а забраната била изречена дури во ноември, но до објавување на информацијата, нема одговор…
Направивме сѐ за да ги намалиме ризиците и да се справиме со последиците од смртоносниот вирус. Здравствените работнции ја заслужуваат најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со КОВИД-19 вие сте хероите. Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на церемонија на доделување признанија за здравствените работници од ковид-центрите. – Во овие моменти на оддавање признание на здравствените работници кои се на првата линија на фронтот во борбата со пандемијата без преседан во нашата современа историја, ние никогаш нема да ги заборавиме починатите. Нашите блиски, нашите роднини, нашите пријатели и познаници, сите наши граѓани кои…
Кадровските капацитети се клучен предизвик за Јавното обвинителство во 2022 година, оцени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на традиционалната предновогодишна средба со шефовите на јавните обвинителства во државата. На средбата, која поради КОВИД пандемијата и оваа година се одржа онлајн, од ЈОРСМ соопштија дека обвинителите ја анализирале годината што изминува и разговарале за идните планови на институцијата. Обвинителите годинава имаа тешка задача, оцени Јовески. Од една страна, материјалните и кадровски услови за работа и покрај малото подобрување, беа недоволни. Од друга страна, во текот на 2021 година имаше кривично-правни настани и предмети кои по својата тежина беа испит за…
Судскиот процес против поранешниот генерален секретар Драги Рашковски, обвинет за нелегална набавка на софтвер и перење пари се очекува да почне во текот на јануари, откако Кривичниот суд информира дека е прифатено обвинението кое опфаќа вкупно седум лица. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година го поднесе обвинението кое, како што информира Кривичниот суд е оценето и одобрено во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт. Како што е наведено во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела „злоупотреба…