Author: Светлана Јовановска

Успехот на денешната средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел е во тоа што двете македонски партии се договориле да се видат повторно. Но денес тие не успеале да ги доближат своите спротивставени позиции.

Read More

Состанокот не е отворен за јавноста. Во 11.30 претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се сретнат насамо со европските пратеници во текот на еден час а потоа на ред е СДСМ. На овие одвоени средби се очекува македонските партии да ги кажат своите ставови а потоа се очекува заедничка средба на трите “тројки”.

Read More

Како што НОВА објави на 25 март, европските пратеници Ховит, Кукан и Вајлг, денес потврдија дека во понеделник ќе се одржи целодневна средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Брисел. Оваа средба ја има целосната и безусловна поддршка на Европската унија и нејзините земји членки.

Read More

Вчера во Брисел, во Европскиот парламент, СДСМ не беше осудена поради бојкотот на Собранието ниту пак ВМРО-ДПМНЕ беше осудена за својот недостиг во примената на демократијата. Немаше ни шлаканици ни декларации ни осуди. Имаше само политички културни говори.

Read More

НОВА дознава дека во понеделник во Брисел е закажана првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Неофицијално, опозицијата ќе ја претставува Радмила Шеќеринска а во име на власта на средбата треба да учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Read More

ЕП ќе направи се што е во негова моќ за да и помогне на Македонија да излезе од сегашната длабока политичка криза и заклучи дека компромис е можен. Според советот на европските пратеници, новата енергија за нов почеток треба да се бара преку преговори за членство во ЕУ.

Read More

Освен што се поздравија на почетокот на средбата, политичките противници од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денес само ги слушаа излагањата во ЕП за тоа што значи политичка култура и компромис. Овој потег не донесе доближување на ставовите ниту пак било каква најава за решение на политичката криза. Состанокот продолжува и утре.

Read More

Вајгл за НОВА вели дека тој и неговите колеги Кукан и Ховит се подготвени да ја преземат улогата на олеснувачи во кризата но не и на медијатори. Медијатор треба да дојде со некаков предлог а европратениците сметаат дека предлозите за разврска треба да дојдат од Македонија а не од надвор.

Read More

НОВА дознава дека на крајот на март се очекува средба помеѓу најблиските соработници на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ со европски пратеници во Брисел во Европскиот парлaмент на разговор кои треба да отвори пат за разврска на кризата

Read More

По денешниот говор на Груевски се прашувам, во стилот на бројните корисници на социјалните мрежи, што тука не е јасно: дали се уште има луѓе кои веруваат дека владата, или некои од нејзините членови, ќе се одлучат за оставка? И дали има луѓе кои веруваат дека ќе меѓународната заедница ќе ни ги реши проблемите?

Read More

Европската комисија повторно реагира и вели дека македонските институции треба веднаш да ја завршат својата работа а јавните функционери треба да покажат дека се одговорни и да носат одговорност за нивните постапки.

Read More

На затворен состанок на НАТО, посветен на украинската криза, Македонија одлучила да не се вклучи во дебатата и не дала свој став за ова чувствително и значајно прашање што се толкува како колебање во македонската поддршка на политиката на Алијансата.

Read More