Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
Момчето кое денеска падна од седмиот кат во зградата на улицата „Кнез Данилова“ во Белград, почина од повредите. Тригодишното момче давало знаци на живот кога пристигнала брзата помош, но во онесвестена состојба било пренесено во Ургентниот центар. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал ја загубија борбата. https://novatv.mk/uzhas-vo-belgrad-trigodishno-dete-utrovo-padnalo-niz-prozor-od-zgrada/
Момче од Македонија, на возраст од 22 години, се удави вчера на плажата „Утјеха“, помеѓу Бар и Улцињ, пренесеоа црногорските медиуми. „Министерството за надворешни работи доби известување од надлежните институции на Црна Гора дека на наш државјанин (Е.Х., роден во 2000г., во Тетово) му е констатирана смрт на туристичкото место Утјеха. Во тек е обдукција, со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорки институции“, изјавија од Министерството за НоваТв. На телото немало траги на насилство, а треба да се утврди причината за смртта. https://novatv.mk/mlado-momche-od-makedonija-se-udavi-na-tsrnogorska-plazha-koj-otishol-na-sezonska-rabota/ С.К.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжи со успешните настапи на меѓународна сцена, освојувајќи го сребрениот медал на трката на 5.000 метри на Балканското првенство, кое викендов се одржува во романскиот град Крајова. Ивановски ја истрча патеката со време од 13:56:59 и го освои второто место, една недела по златниот медал на Европското првенство за мали земји во Малта. Ивановски денеска го очекува и трката на 3.000 метри, а од македонските атлетичари настап на Балканијадата во Крајова попладнево ќе имаат и Јован Стојоски на 200 метри, Леонид Вандевски на 3.000 метри стипл и Адријана Поп Арсова во трката на 5.000 метри.
Тригодишно дете денеска паднало од прозорецот на зградата на аголот од улиците „Кнез Данилова“ и „Станоје Главаш“ во Белград, дознава „Блиц“. Брзата помош го однела детето кое давало знаци на живот. Моментално се наоѓа на Ургентно и се здобило со тешки телесни повреди. – Не се знае што се случило. Прва помош на детето му пружиле случајни минувачи, но и дежурни медицински лица од блискиот здравствен дом, додека не дошла брзата помош и не го однела – изјави за „Новости“ очевидец.
По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Влaдимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против руските сили. Зеленски, кој ретко оди надвор од главниот град Киев од почетокот на војната, вчера за првпат го посети местото Николаев на југот на земјата. – Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно – се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграм по враќањето во Киев. Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба“ во борбата против руските сили…
Минатата учебна година евидентирани се 118 ученици кои ја повторувале годината, а во учебната 2021/2022 година, оваа бројка изнесува 261, пишува Мета. Ако се погледнат бројките што ги објавува Државниот завод за статистика, се забележува дека годинава бројот на повторувачи е највисок, иако од година в година вкупниот број на ученици се намалува. Во учебната 2017/2018 имало 187 ученици повторувачи, а во 2018/2019 – 194 повторувачи, во 2019/2020 – 260 повторувачи.
Точно напладне од пристаништето во Лимасол тргна траектот за атинското пристаниште Пиреас, што по над 20 години повторно ќе ги поврзе Кипар и Грција со редовна бродска линија, јави дописничката на МИА од Атина. Траектот плови под кипарско знаме, има капацитет да прими 400 патници и над 100 возила и предвидено е да сообраќа четири пати седмично, а патувањето трае 30 часа . Пред тргнувањето на траектот, се одржа и свеченост во Лимасол, на која се обрати кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој рече дека „денешниот ден има историски карактер“, со оглед на тоа дека двете земји се поврзуваат по 20…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон од вчерашниот протест пред Владата. „Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски. Првиот човек на опозициската партија на собирот најави протести и целосна блокада на институции ако нема договор за избори до крајoт на летото. Порача дека големата цел е пораз на СДСМ и казна за погрешните политики. Во врска со спорот со Бугарија, Мицкоски рече дека додека е претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да се смени Уставот за да бидат бугарските барања дел од него и побара Бугарија да се извини за фашистичкото минато.
Францускиот предлог за РС Македонија е исклучително добар затоа што ги адресира сите очекувања на Бугарија, изјави Христо Иванов, копретседател на владејачката „Демократска Бугарија“ (ДБ) во емисија на бугарската Нова ТВ. – Францускиот предлог за Република Северна Македонија е исклучително добар за Бугарија. Би било национално предавство доколку не го разгледаме предлогот поради внатрешно политички скандали – рече Иванов. Според него, предлогот е многу добар за Бугарија бидејќи ги адресира, решава и ги исполнува сите нивни очекувања. – Така, на најважната тема, промената на Уставот, Северна Македонија мора да се обврзе пред Европската унија да го смени и да ги…
Се намали цената на нафтата. Таа на лондонскиот пазар утрово е 113 долари, и тоа е значителено намалување во однос на претходните денови кога цената беше 121 долар за барел. Повторно се намалува вредноста и на биткоинот. Таа денеска падна на 18.303 долари, за прв пат од декември 2020 година.
Германскиот канцелар Олаф Шолц ја пофали политиката на неговата претходничка Ангела Меркел кон Русија. „Јас сум на страната на мојот претходник и не гледам причина да се сомневам во нејзините одлуки. „Политиката на мирен соживот никогаш не може да биде погрешна“, рече политичарот. Шолц спомена и дека ја поддржува одлуката на Меркел да се спротивстави на влезот на Украина во Северноатлантската алијанса во 2008 година. „Секоја земја што сака да стане членка мора да ги исполни критериумите за влез во НАТО. „Влезот на Украина во блокот не беше на дневен ред“, нагласи тој.
Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов е убеден дека актуелниот премиер не е во состојба да го реши билатералниот спор меѓу властите во Софија и Скопје, јави „БГНЕС“. Изјавата на Борисов беше по повод најновиот развој на нашите билатерални односи и предлогот на француското претседателство доставен до собраниската Комисија за надворешна политика доцна во петокот. – Ја гледате ли подлоста? Тој се обидува тајно да договори нешто што ќе излезе пред јавноста, гледате дека се случува, но не затоа што тој е лош, туку парламентот така одлучил. Не, до ден-денес јасно е дека Петков не може да…