Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грција и Кипар по над 20 години одново се поврзуваат со редовна бродска линија

0
By НОВА ТВ Terziova on June 19, 2022 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 19, 2022 12:15

Точно напладне од пристаништето во Лимасол тргна траектот за атинското пристаниште Пиреас, што по над 20 години повторно ќе ги поврзе Кипар и Грција со редовна бродска линија, јави дописничката на МИА од Атина.

Траектот плови под кипарско знаме, има капацитет да прими 400 патници и над 100 возила и предвидено е да сообраќа четири пати седмично, а патувањето трае 30 часа .

Пред тргнувањето на траектот, се одржа и свеченост во Лимасол, на која се обрати кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој рече дека „денешниот ден има историски карактер“, со оглед на тоа дека двете земји се поврзуваат по 20 години и додаде дека сепак, најважно е тоа што на многу граѓани кои им од различни причини, дали поради страв од авиони или затоа што сакале да патуваат заедно со нивните возила, сега им се дава можност да патуваат за Грција.

Според грчките медиуми, од Кипар за Грција со првиот траект патуваат министри од двете земји.

Пред повеќе од две години, односно пред почетокот на пандемијата надлежните министри од двете земји ја разгледаа можноста одново да се воведе бродска линија што ќе ги поврзе Грција со Кипар.

Кипарските медиуми тогаш објавија дека Никозија очекуваше одговор од Европската комисија за грант од пет милиони евра годишно за три години за одново да се воведе линијата

Двете земји, според истите информации за прв пат бродски се поврзале во 1960 година, а линијата ги поврзувала пристаништата од Кипар, Грција, Израел, Либан и Египет. Во 2000 година, бродскиот сообраќај бил прекинат бидејќи линијата била економски непрофитабилна компаниите поради намалениот број патници.

Грција Кипар регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
ФОКУС
March 7, 2026

Трендафилов: Ние ќе се бориме за вашите плати ама мора да почнете да се бпорите и вие

ВЕСТИ March 7, 2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави голем работнички протест кој ќе се одржи на…

„Пет до дванаесет“ помина – Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) оди на протест на 14-ти март

March 6, 2026

По пет убиени жени само во една година, Тошковски ќе прави систем што ќе ги штити жртвите 24/7!

March 6, 2026

Техеран во пламен

March 6, 2026
ТИКЕР

Германски медиумски гигант го купи британскиот „Дејли Телеграф“ за 664 милиони евра

March 7, 2026

Трамп: Куба наскоро ќе падне

March 6, 2026

Со „Прогресивна Бугарија“ Румен Радев во април ќе трча за премиер

March 3, 2026

Србија врати 200 свои граѓани од Дубаи

March 3, 2026

Црногорската полиција го уапси братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо

February 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.