Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Terziova
На стратешкиот дијалог во САД кој почна со сесија за одбраната, беше потврдена дополнителна финансиска поддршка од САД за оваа година во процесот на модернизација на Армијата, од 40 милиони долари. Министерката за одбрана Славјанка Петровска во своето воведно обраќање порача дека САД три декади се наш најблизок партнер и во развојот и во процесот на евроатлантска интеграција. Денешната нова безбедносна реалност во Европа, подвлече Петровска, повикува на уште поблиска и уште поинтензивна соработка со една цел – мир, безбедност и стабилност на евроатлантската област. Модернизацијата на Армијата е круцијална и е на вистинскиот пат, а посветеноста на двете Армии…
Денеска е 100-тиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, а мирот се уште не е на повидок. Сликите од разурнатата држава, и страдањето на тамошното население, и натаму го обиколуваат светот, а мирот се уште не е на повидок. Обидите да се изнајде политичко решение не даваат резултати. Светот како никогаш до сега е втурнат во безбедносна и економска криза кои се закануваат да прераснат во криза на фундаментите за неговото постоење- размена на храна, политичка и економска соработка и снабдување со енергенси. Проследете ги фотографиите кои се сведоштво на овој безумен период на употреба на воена сила…
Велика Британија го слави големиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, која веќе седум децении е на чело на монархијата. Кралицата за време на церемонијата поздрави десетици илјади луѓе пред Бакингемската палата, но потоа од палатата беше објавено дека Елизабета Втора ќе ја пропушти службата на благодарност во петок бидејќи „чувствувала нелагодност’ за време на роденденската парада што се одржа во четвртокот. „Кралицата уживаше во денешната роденденска парада и почесниот лет, но не се чувствуваше најдобро. Имајќи го предвид патувањето и енергијата потребна за учество на националната служба на благодарноста во катедралата Свети Павле во петок, Нејзиното Височество за жал одлучи…
По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија. -Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенси и на прехранбени производи. На…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и денеска повторно ќе носи нова одлука за цената на горивата. Како што велат од РКЕ, исполнети се предусловите за тоа. – Предусловите се исполнети, РКЕ ќе донесе нова одлука за цената на горивата која ќе биде во сила од вечер на полноќ, изјави за МИА портпаролката на РКЕ, Марина Узунов. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за…
Министерството за транспорт и врски во пресрет на носењето на ребалансот на Буџетот веќе направи реалокација на средства и ги намали сите непродуктивни трошоци кои претходно беа предвидени, а додаде средства за изградба на капитални инвестиции, особено во делот на изградбата на гасоводите, потврди денеска ресорниот министер Благој Бочварски. -Од исклучително значење е во овие периоди на енергетска криза државата да даде фокус на изградбата на гасоводите и да скрати се што е во делот на непродуктивните трошоци, што и го направивме. Во буџетот на Министерството за транспорт и врски во делот на непродуктивните трошења скративме онолку колку што беше…
Во Турција од 1 јули ќе биде зголемена максималната брзина на возење по автопатите, соопшти турското Министерство за внатрешни работи. Од 1 јули возачите ќе можат да ја подигнат брзината на возење до 130 километри на час по автопатот Едрене- Шанлиурфа, а по други автопати меѓу кои Кузеј-Мармара, Истанбул-Измир, Анкара-Нигде до 140 километри на час, јави Си-Ен-Ен-Турк. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу минатиот месец објави дека од 1 јули во Турција ќе биде зголемена максималната брзина на движење по автопатите. Во моментов максималната дозволена брзина е 120 километри на час
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека Русија во моментов контролира 20 отсто од територијата на Украина. „Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски во видео-обраќањето пред Парламентот на Луксембург, пренесува „Ројтерс“. Претседателот на Украина истакнува дека линијата на фронтот се протега на повеќе од 1.000 километри. Според него Украина „де факто“ е членка на Европската Унија. Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми, додаде Зеленски. Без да го спомне по име рускиот претседател, Владимир Путин, Зеленски побара…
Рускиот министер за надворешни работи ја обвини Украина дека со своите барања за посилно оружје провоцира понатамошно вмешување на Западот во воената акција на Русија. Сергеј Лавров, откако Соединетите Американски Држави објавија дека на Украина планира да ѝ испрати напреден ракетен систем, сугерираше дека со тоа се отвора ризик во конфликтот да се вклучи трета страна. „Нештата кои режимот во Киев ги бара од своите западни покровители прво ги надминуваат сите граници на пристојноста и дипломатските односи и, второ, се директна провокација со цел вовлекување на Западот во борбата“, кажа Лавров во Саудиска Арабија. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен кажа…
Свесни сме дека во моментов сме насред глобална криза од неодамнешните предизвици на главните аспекти во секојдневниот живот, меѓутоа, и на тоа дека постојат современи закани за човековите права. И покрај сиот вложен труд во воспоставувањето на добрососедски односи и почитување на основните принципи на меѓународното право и поредок, Македонија, сè уште е во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакна претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во неговото обраќање на деветтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Парламентарното собрание се одржува во Атина во…
-На 01.06.2022 околу 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Скупи“, патничко возило „шкода фабиа“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(30) удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје, информираат од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
Независниот синдикат на вработените во Управата за водење матични книги го блокираше сообраќајот на булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град. Блокадата од страна на вработените во Управата за водење матични книги следува откако протестот пред Министерството за финансии, кој се одржа минатата недела, беше неуспешен, а нивните барања за повисоки плати и потпишување колективен договор не беа исполнети. Протестирајќи пред Министерството за финансии минатата недела, тие повторно ги повторија своите барања за потпишување колективен договор за кој постигнаа согласност со Министерството за правда, а со него се предвидува 30 отсто повисоки…