Денеска е 100-тиот ден од почетокот на руската инвазија на Украина, а мирот се уште не е на повидок. Сликите од разурнатата држава, и страдањето на тамошното население, и натаму го обиколуваат светот, а мирот се уште не е на повидок.

Обидите да се изнајде политичко решение не даваат резултати. Светот како никогаш до сега е втурнат во безбедносна и економска криза кои се закануваат да прераснат во криза на фундаментите за неговото постоење- размена на храна, политичка и економска соработка и снабдување со енергенси.

Проследете ги фотографиите кои се сведоштво на овој безумен период на употреба на воена сила за присвојување на територии на туѓа држава.