Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери од Атина: Предвидувањата се дека енергетската и прехранбената криза ќе се зголемат

0
By НОВА ТВ Terziova on June 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 2, 2022 13:03

Свесни сме дека во моментов сме насред глобална криза од неодамнешните предизвици на главните аспекти во секојдневниот живот, меѓутоа, и на тоа дека постојат современи закани за човековите права.

И покрај сиот вложен труд во воспоставувањето на добрососедски односи и почитување на основните принципи на меѓународното право и поредок, Македонија, сè уште е во очекување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, истакна претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во неговото обраќање на деветтата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Парламентарното собрание се одржува во Атина во рамките на грчкото претседавање со Процесот, а учествува и собраниска делегација од Македонија, предводена од претседателот на Собранието, во чиј состав се пратениците Мартин Костовски, Павле Трајанов и Артина Ќазими, а Џафери се обрати на Генералната дебата на Пленарната седница на тема „Целите за одржлив развој за животната средина. Влијанието на кризата врз Југоисточна Европа: безбедност на снабдувањето со енергија и синџирот на земјоделско- прехранбени производи”.

Џафери се осврна на важноста на регионалната соработка, како и важноста на парламентарната дипломатија и улогата на парламентите со меѓусебна, регионална, интерпарламентарна соработка во насока на постигнување на цврста стабилност, напредок и благосостојба во Југоисточна Европа.

-Морам со жалење да потсетам дека Македонија, и покрај сиот вложен труд во воспоставувањето на добрососедски односи и почитување на основните принципи на меѓународното право и поредок – како што е утврдено во Повелбата на Обединетите нации, се уште е во очекување на првата меѓувладина конференција со Европската унија. Тоа што го очекуваме од ова Парламентарно собрание е да продолжи да дава поддршка во согласност со правото и вредностите на Европската унија, на кои и се заснова. Затоа што, само заедно, солидарно и на еднакво рамниште ќе можеме да се справиме со сите предизвици кои ги предизвикуваат ефектите што климатските промени ги носат во различните сфери од животот, меѓу кои предничат и безбедноста на снабдувањето со енергија и земјоделско – прехранбениот синџир, истакна Џафери.

Додаде дека глобалните, регионалните и националните трендови што се појавуваат, влијаат и врз развојот на нашата земја, потенцирајќи дека иако не сака да звучи песимистички, сепак, „предвидувањата се дека енергетската и прехранбената криза нема да се намалат, туку напротив, ќе се зголемат”.

-Ние мораме да бидеме подготвени заеднички, координирано и со што помалку штети да ги надминеме тие предизвици. Затоа, синергијата што се воспоставува на овој форум и на сите други меѓународни форуми е од суштинска важност за развој и благосостојба на државите и нашите граѓани, потенцираше претседателот на Собранието.

Истакна дека тој лично е голем поборник на парламентарната дипломатија, затоа што смета дека „како пратеници сме во подобра позиција да ги артикулираме аспирациите на нашите граѓани и да истакнеме што им е навистина важно”.

Додаде дека заедно со извршната власт, имаат одговорност за националниот напредок кон постигнување на целите на одржливиот развој.

-Свесни сме дека во моментов сме насред глобална криза од неодамнешните предизвици на главните аспекти во секојдневниот живот, меѓутоа, и на тоа дека постојат современи закани за човековите права. Тоа е мотив плус да соработуваме уште поинтензивно. Да се консултираме, да размениме мислења и искуства за поефективно постигнување на целите на одржливиот развој, меѓутоа да внесеме и иновации и техничка поддршка за неоптоварен промет на есенцијалните земјоделско – прехранбени продукти, со употреба на постојните регионални платформи, како и механизмите на Европската унија, порача Џафери.

Потенцираше дека Македонија е една од 193 земји кои и официјално ги усвоија Целите на одржливиот развој од Агендата 2030 за одржлив развој, усвоена на Генералното собрание на ОН во септември 2015 година, објаснувајќи дека Агендата претставува збир од 17 сеопфатни цели за одржлив развој, придружени со 169 специфични цели, „чија крајна цел е искоренување на сиромаштијата, крај на нееднаквоста, градење мир и справување со климатските промени до 2030 година, притоа осигурувајќи дека никој нема да биде изоставен”.

-Како резултат на тоа, во јули 2020 година го презентиравме и нашиот Доброволен национален преглед пред Високиот политички форум за одржлив развој. Пристапувањето беше поддржано од нашите национални институции, при тоа и од законодавниот дом, кој има клучна улога во поглед на вградувањето на целите на одржливиот развој во националното законодавство, објасни Џафери.

Атина Македонија Собрание џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.