Author: НОВА ТВ Terziova

Попладнево во училишниот двор на основното општинско училиште „Илинден”, Крива Паланка опожарено е возило, сопственост на вработен во оваа воспитно-образовна установа. Според информациите од Територијалната противпожарна единица – Крива Паланка, денеска во дворот на ООУ „Илинден” од патничко моторно возило, сопственост на служителот во училиштето се запалило, околу пладне. -Пожарот избувнал додека возилото, марка „опел астра”, било паркирано во училишниот двор. Моторот е целосно изгорен, а причинета е поголема материјална штета. Во гаснењето на опожареното возило интервенираа двајца пожарникари од ТППЕ од Крива Паланка, со едно противпожарно возило, информира командирот на територијалната противпожарна единица Крива Паланка, Иле Коцевски. Во моментот…

Read More

Пожарот кој избувна претпладне во атарите на селата Радичево и Дукатино во Општина Василево и зафати 20 хектари нискостеблеста шума, се уште не е изгаснат, а пожарникарите се обидуваат да го запрат ширењето кон селото Дукатино, jaвува МИА. Според информациите од ТППЕ Струмица, во гаснењето учествуваат две против пожарни возила и 10 пожарникари, а пожарот е делумно локализиран. -Пожарот помогнат од силниот ветер зафати нискостеблеста шума на тешко пристапен терен, информираат струмичките пожарникари. Екипи на ТППЕ Струмица се уште се терен и се борат да го запрат ширењето на пожарот.

Read More

Како средношколци не не интересира што преговараат СОНК и МОН, но гледаме дека ние губиме од оваа ситуација, рече претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ во Дневникот на ТВ Сител. „Вчера кога дознавме дека е постигнато некакво решение, го поздравивме дека еве возрасните го слушнаа зборот на средношколците и децата и постигнаа компромис. Сакаме да учиме. Две години по ред Сојузот на средношколци бара подобар обрзовен систем и настава. Сега повторно има штрајк, каде веќе се изгубија 10 важни работни дена и гледаме дека со првомајските празници ќе се изгуби и оваа работна недела“, изјави претседателот на Сојузот на…

Read More

И натаму очекуваме и се надеваме дека преку дипломатски канали ќе постигнеме договор со Украина, порача рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе Гардијан. Путин рекол дека во неодамнешните разговори во Истанбул е забележан напредок, но налгасил дека преговорите се прекинати по известувањата за бруталното убивање на цивили во Буча од страна на руската војска. „Вестите поврзани со Буча се провокација, руската војска нема никаква врска со тоа“, порачал Путин. Тој додал и дека преговорите со Украина ќе продолжат во онлајн формат и изразил надеж дека ќе дадат позитивни резултати. Зборувајќи за…

Read More

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека не сака да имаме добри односи со Бугарија затоа што цело време не омаловажуваат, деградираат, исмеваат, не уценуваат. „Ако ние поставиме такви услови сосема поинаку ќе биде и со други барања ќе дојдат овие од ЕУ.  Кога ние го менувавме името и прифативме се од Преспанскиот договор, некој викаше „all inclusive“ сме“, рече Јакимовски во емисијата „Само вистина“. Според него, имаме нов проблем, во кој што не притискаат. „Мораме да останеме цврсти и да не потклекнеме во делот на идентитетот, нема каде да одат и мора да не прифатат вака. Не смееме…

Read More

Се договоривме но зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие, излезе со реакција министерот за образование и наука, Јетон Шаќири откако СОНК одлучи да продолжи со штрајкот. „Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме согласност со СОНК , која од претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација за синдикати за образование, беше соопштена пред целата јавност: 12% повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите…

Read More

Од вкупно 480 синдикални организации, 388 се за продолжување на штрајкот од утре, а само 83 за прекин. Најголем дел од овие за прекин се синдикалните организации од детската заштита. Согласно на тоа, Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот продолжува и утре се додека не се најде заедничко решение, информира претседателот на СОНК, Јаким Неделков. Во однос на градинките, Советот на Синдикатот одлучил штрајкот во градинките да биде во мирување. -Ќе продолжат да работат со нормален интензитет, од аспект на дечињата, нивните родители и стопанството. Ќе се отворат вратите на градинките. Исто така најавуваме голем масовен протест пред Владата…

Read More

Над 90 отсто од членовите во 18 синдикални единици кои се во штрајк во Штип се изјасниле против прекин на штрајкот, поради што претседателот на регионалниот совет на СОНК Марјан Костадиновски изјавил дека не ја прифаќаат понудата на Владата. Со исклучок на градинката „Астибо“ и основното училиште во Карбици сите останати училишта и градинки во Штип ја одбија понудата, објави Канал 77. Сега се очекуваат резултатите од Пробиштип каде освен во градинката сегде трае штрајкот и неофицијално нема расположение кај вработените да го прекинат. Зголемувањето на платите само за 12 отсто, кое ќе важи од втората половина на годината, е…

Read More

Со војната во Украина ослабнати се како вооружените сили на Русија така и руската држава, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби, а во пресрет на средбата на сојузниците и партнерит по НАТО во Германија што се одржува денеска. -Армијата на Русија стана послаба. Државата исто така стана послаба и сега уште повеќе се изолира, изјави Кирби во интервју за Си-ен-ен. Додаде дека САД сакаат Русија во иднина да на може да биде закана за своите соседи. -Руската економија е во тешка ситуација. Незините вооружени сили се истоштени во многу погледи, не целосно, но безусловно Русија изгуби многу свои војници¸ претрпи…

Read More

„Договоривме дека следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи првата половина од јуни во Охрид, а на почетокот од септември заедно ќе организираме голем туристички саем на вино и храна во Србија. Уверен сум дека македонските производители на вино и храна ќе имаат што да му покажат на регионот“, напиша на својот фејсбук профил премиерот на Македонија Димитар Ковачевски. Според Ковачевски на самитот во Охрид ќе бидат потпишани значајни договори и меморандуми за соработка во културата, туризмот и економијата. „Отворен Балкан иницијативата останува отворена за Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина. Заедно сме Европа“, пишува Ковачевски. Попладнево со…

Read More

Албанскиот национален комитет за справување со пандемијата на Ковид-19, денеска донесе одлука, со која, од први мај се укинува обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан ковид, како и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите странски државјани при влез во државата. Според Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство, тоа со оглед на стабилната епидемиолошка состојба, но и во интерес на туризмот. -Почнувајќи од 1 мај, секој граѓанин што ќе влезе на нашите гранични премини не е обврзан да покаже ниту потврда за вакцинација, ниту ПЦР тест. Заштитните маски веќе не се задолжителни…

Read More

Мариупол е „ослободен“ и таму нема повеќе борби, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган и ги повика украинските борци Азов и маринци да се предадат и порача дека животот им е загарантиран. Огромната фабрика за челик Азовстал е последната локација контролирана од украинските сили во Мариупол. Киев треба да „преземе одговорност“ за војниците во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, му рекол Путин на Ердоган, се вели во соопштението на Кремљ. Путин ги повика украинските војници во Азовстал да го положат оружјето. „На воените заробеници им се гарантира живот, медицинска нега и…

Read More