Author: Marija Todorovska
Брисел: Во 2023 година најмалку два странски јазици изучувале 6,4 отсто од учениците од основните и 59,5 проценти од учениците во средните училишта во ЕУ, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат по повод Европскиот ден на јазиците – 26 септември.
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина.
Политички поени на грбот на најмладите – злоупотребата на децата не запира.
Општинското јавно претријатие „Тетово Транспорт“ ги предупредува граѓаните дека на социјалната мрежа Фејсбук е создадена лажна страница со име на нивната фирма и шири невистини информации за наводни услуги.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по завршување на јавната консултација, а со цел појаснување на начинот на примена на одредбите од Изборниот законик, денеска, го донесе Упатството за радиодифузерите за Локалните избори 2025.
Заменик-претседателот на Партијата за слобода и правда (ССП) Борко Стефановиќ денес изјави дека сите високи гости од Европа се поканети на традиционалната вечера на американскиот претседател во Обединетите нации, освен Владимир Путин и Александар Лукашенко, но и Александар Вучиќ, пренесува Н1.
ЦИВИЛ: Злоупотребата на деца во изборните кампањи мора да престане.
Европското јавно обвинителство соопшти дека покренало дисциплинска постапка против својата членка од Бугарија, Теодора Георгиева, врз основа на резултатите од повеќемесечната внатрешна истрага за прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна.
Со цел воспоставување на националното собрание на млади и советодавното тело на млади, предвидени во Законот за младинско учество и младински политики, вчера во Скопје, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) одржа иницијативна средба за формирање на националното собрание на млади, соопштија денеска од НМСМ.
Меѓународна флотила што носи хуманитарна помош за Газа треба да ги напушти грчките води и да се упати кон палестинската енклава денеска, и покрај предупредувањата од Израел дека ќе ги искористи сите средства за да го блокира пристапот на бродовите до воено разорената Газа.
Софија: Пред седиштето на бугарската политичка партија ДПС-Нов почеток, во центарот на Софија, синоќа се собраа демонстранти за да го изразат своето незадоволство од, како што тврдеа, „вкоренето влијание на мафијата во бугарската политика“.