Светските новински агенции и посебно американските телевизии кои на средбата на Флорида и` придаваат посебна важност,. јавуваат дека Зеленски пристигнал на средба со американскиот претседател Трамп во одморалиштето Мар-а-Лаго во Флорида и дека епилогот е неизвесен посебно по денешниот телефонскиот разговор на Трамп со Путин за кој американскиот претседател рекол дека бил конструктивен.
Сепак, пред средбата со Зеленски, Трамп изјави дека постои реална основа за мировен договор и дека двете страни имаат интерес конфликтот да заврши.
Секоја можност за дополнителни прашања брзо беше пропуштена кога Трамп ненадејно ѝ наложи на советничката за комуникации, Марго Мартин, да ги испрати новинарите на ручек.
Засега е нејасно дали Трамп и Зеленски по средбата ќе дадат изјави.




