Author: Marija Todorovska

На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите или за секој долар што го заработува маж, жената зема околу 80 центи (извор: ILO, Pay transparency can address the gender pay, 2022), информира Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA) по повод 18 Септември, Меѓународниот ден на еднакви плати.

Read More

Во штипскиот Основен суд денеска требаше да започне судењето на 43 годишниот родител, кој физичка нападна двајца малолетни фудбалери на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но се одложи, бидејќи неговиот бранител побара судот да му обезбеди превод на албански јазик на обвинителниот предлог, но и симултан превод во текот на судскиот процес. Судскиот процес продолжува на 29 септември.

Read More

– Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс.

Read More

Двојното убиството во Велес е уште еден во низата трагични случаи во изминативе 15 месеци, а кои се доказ дека институциите на ВМРО-ДПМНЕ не успеваат да се справат со ситуацијата, не успеваат да го стават системот во функција да тој може да превенира и да ги штити граѓаните и за тоа мора да има одговорност, посочи заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на телевизијата 24, стои во соопштението на СДСМ.

Read More

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски информира дека Уставниот суд добил писмо од спикерот на Собранието, во кое се бара од предлагачот на законот (Владата) да го информира во која фаза е постапката за Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

Read More

Народниот правобранител ја осуди изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, за иселување на ромските семејства од Вардариште по пожарите на таа локација, и побара да се најдат одржливи решенија со кои ќе се обезбедат и заштита на животната средина и достоинствено домување.

Read More

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за неповедување постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

Read More

Фемицидот во Северна Македонија останува невидлив во статистиките, но видлив во трагедиите. Жртвите често ги алармирале властите, но пријавите се игнорирани или минимизирани. Сè додека институциите не ги третираат заканите како потенцијално смртоносни и не воспостават систем за следење на ризик, бројките ќе продолжат да растат.

Read More

Утревечер, на 18 септември, Македонскиот народен театар ќе ја отвори првата фестивалска вечер на новиот европски фестивал „Acting Europe – Театар без граници“, кој ќе се одржи од 18 до 21 септември во Ќустендил, соседна Бугарија.

Read More

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР денеска извршија увид на местото по настанатиот пожар во Трубарево. Увидните дејствија, како што информираат од Обвинителство, се преземаат како во однос на настанувањето на пожарот, така и во однос на складирањето на отпадот на предметната локација, а бил извршено фотографирање и дронско снимање на локацијата.

Read More