Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобранител: Достоинствено домување, а не присилно иселување

0
By Marija Todorovska on September 17, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 17, 2025 15:11

Народниот правобранител ја осуди изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, за иселување на ромските семејства од Вардариште по пожарите на таа локација, и побара да се најдат одржливи решенија со кои ќе се обезбедат и заштита на животната средина и достоинствено домување.

 Остро ја осудуваме изјавата на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување за „агресивна реакција и иселување по кратка постапка на ромските семејства од Вардариште.Ваквите изјави, ја поттикнуваат стигматизацијата и дискриминацијата врз ромската заедница и се во спротивност со принципите на недискриминација и еднаквост гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, Стратегијата за Инклузија на Роми 2023–2030 и меѓународните документи кои го гарантираат правото на достоинствено домување и недискриминација. Според Народниот правобранител, изјави кои повикуваат на присилно раселување на цели заедници, особено врз етничка основа, не само што се опасни и дискриминаторски, туку и ја поткопуваат довербата кон институциите. Наместо закани и принудни мерки, потребен е дијалог, системски пристап и соработка со локалната самоуправа, граѓанските организации и самите жители, за да се најдат одржливи решенија со кои ќе се обезбедат и заштита на животната средина и достоинствено домување, соопшти Канцеларијата на Народниот правобранител.

Укажуваат дека Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030,  јасно ја дефинира областа Домување како една од клучните приоритетни области, со цел подобрување на условите за живеење, легализација на постојните живеалишта, интегрирано урбанистичко планирање и обезбедување пристап до основна инфраструктура. Стратегијата, стои во соопштението,  јасно нагласува дека решавањето на прашањето со домувањето мора да биде во согласност со човековите права и достоинството на секој поединец, без присила и без раселување „по кратка постапка“.

Народниот правобранител укажува да се има предвид Европската конвенција за човекови права, која го гарантира правото на почитување на домот и семејниот живот; Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, кој го препознава правото на секое лице на соодветно домување и забранува произволни или присилни иселувања, како и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, која бара државите да обезбедат еднаков третман и да се воздржат од мерки кои би довеле до асимилација или сегрегација. Исто така, и Препораките на Европската комисија и Советот на Европа за интеграција на Ромите повикуваат на одржливи решенија за домување, во духот на инклузија и еднаквост. Ги повикуваме институциите и јавните личности да се воздржат од изјави кои поттикнуваат дискриминација и да работат во согласност со националните стратегии, меѓународните стандарди и принципите на човековите права, се вели во соопштението.

Народен правобранител
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.