Author: Marija Todorovska
Извршниот одбор (ИО) на СДСМ вечерва даде согласност за првите кандидати за градоначалници на претстојните локални избори за 19 општини, по завршувањето на внатрепартиските постапки.
Иранската државна телевизија и израелската армија потврдија дека Иран повторно изврши ракетен напад врз Израел. ИДФ наведе дека сирените кои предупредуваат на воздушен напад се огласиле во неколку израелски региони.
Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Обвинителството бара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи вели дека е невин и побара од судот да се брани од слобода.
Израелски медиуми објавија дека при напад со израелски дрон врз зграда во Техеран убиен е уште еден ирански научник специјализиран за оружје.
Украина и Русија денеска уште еднаш разменија воени заробеници со согласност со договорот постигнат во Истанбул.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници смета дека серијата закани што им се случуваат на новинарите од Тетово во последниот период, а истите се главно мотивирани од написи и текстови во кои се инволвирани лица од политиката добива сериозни размери и дека е вистинско време да се реагира. Станува збор за повеќе форми на притисок врз колеги чија безбедност е сериозно нарушена и доколку не се преземат соодветни мерки може да ескалира и да дојде и до насилство врз новинарите.
Уште една болница во Техеран е погодена од израелските напади, соопшти денеска иранското Министерство за здравство.
Варшава: Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денеска сооппшти дека повеќе од 122 милиони луѓе се раселени ширум светот, а само во регионот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) престојуваат речиси 25 милиони луѓе кои се присилно раселени или се без државјанство.
Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.
Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, а се подобруваат условите за пациентите и во кочанската болница, беше соопштено на денешната прес-конференција во Владата.
