Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ ги објави првите 19 кандидати за градоначалници

0
By Marija Todorovska on June 20, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 20, 2025 20:05

Извршниот одбор (ИО) на СДСМ вечерва даде согласност за првите кандидати за градоначалници  на претстојните локални избори за 19 општини, по завршувањето на внатрепартиските постапки.

Како што соопшти партискиот лидер Венко Филипче, за општина Центар кандидат е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, за Аеродром д-р Александар Трајановски, за Ѓорче Петров Костадин Ацевски – претседателот на ОО на СДСМ, за Чучер Сандево и Крива Паланка, исто така актуелните градоначалници Сашо Коменовиќ и Сашко Митовски.

Утврдени се кандидати и за Берово, претседателот на ОО Илија Рунтевски, за Лозово, Ацо Велковски, за Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, за Богданци, Блаже Шопов, за  Дојран, Ристо Џинев, за Могила – Зоран Ристевски, за Неготино, Петар Мантев, за Новаци, Љубе Кузманоски, за Росоман, Стојанче Николов, актуелниот градоначалник, за Вевчани, претседателот на ОО Стефан Радиноски, Крушево, актуелниот градоначалник Томе Христовски, Ресен, претседателот на општинската организација Александар Бузлевски, Штип, исто така, претседателот на општинската организација Павел Иванов, како и претседателот на општинската организација во Општина Гази Баба, Влатко Митовски.

Овие кандидати се избрани врз основа на принципите коишто ги наведовме дека ќе важат за кандидирањето на овие луѓе. Избрани се со прилично широк консензус во општинските организации, луѓе кои што имаат и  кредибилитет и легитимитет да  ја побараат довербата, некои за првпат, некои повторно од граѓаните, рече Филипче.

Според него, актуелните градоначалници  во општините во Центар, во Крушево, во Крива Паланка  направиле вистинска променам  општините и градовите станале целосно нови во времето на нивните мандати. – Сметам дека се луѓе кои што можат да излезат пред граѓаните и може слободно да кажеме дека сè што ќе ветат ќе биде исполнето согласно нашата програмска заложба, која што ќе биде градена врз основа на вредносните принципи, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој рече дека и во останатите општински организации активно се одвиваат процесите за утврдување кандидати и најави дека ќе ги објават имињата за многу скоро време во наредните недели.

Има општини, како што рече, во кои разговараме да поддржат и други кандидати освен од СДСМ.

За кандидатите што ги објави Филипче согласност треба да даде и Централниот одбор на партијата

градоначалници локални избори СДСМ Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.