Author: Marija Todorovska
Увидот на лице место во однос на причините за пожарот во Трубарево треба да започне утре, а увидните екипи на терен ќе ги координира јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од Обвинителство.
Медицинска сестра, која била одговорна за дневната болница на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, додека директор бил Нино Васев, на денешното судење за случајот Онкологија 2, сведочеше дека некогаш се случувало на клиниката да нема некоја терапија, а одредени пациенти да ја добијат, како и дека имало пациенти на кои им биле менувани препишаните терапии.
Триесет и едногодишната Р.К. од Велес, која вчера беше убиена од нејзиниот поранешен партнер, неколку пати го пријавувала осмничениот И.С. за насилство, за што на 10 септември годинава бил и условно осуден, а имал и пријави за непочитување на забраната за приближување, изречена како дополнителна мерка за заштита од семејно насилство во граѓанска постапка. Случаите биле пријавени во ОЈО Велес, а во март и во ОЈО Скопје, каде тој речиси истворемено ја пријавил дека му поднесува лажни пријави со цел да му изнуди пари. Во мај годинава тој од нејзиниот дом го одзел и го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот…
Телефонскиот број и меил адресата на која граѓаните ќе може да пријавуваат злоупотреби на службените возила за приватни цели ќе биде објавен денеска од страна на владината прес-служба, најави директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата Ивица Томовски.
Овој директен повик за употреба на сила не само што е спротивен на човековите права, туку и ја оживува најопасната реторика на колективна вина и репресија.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот од неговото судење за корупција потврди дека Израел започнал „интензивна операција во градот Газа“.
Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, а другата на 18 септември.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, на средба со претставници на невладините организации истакна дека нивната улога е клучна во креирањето и имплементацијата на политики, но и во отворањето на теми и проблеми кои често остануваат запоставени од институциите.
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека синоќа пред 23:00 часот повторно бил предизвикан пожар во депонијата „Дрисла“, на сосема друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови. Еден час подоцна пожарот бил изгаснат и затрупан.
Пожарот што пред 4 часот утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, во општина Кисела Вода, е изгаснат пред 6 часот, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Независна истражна комисија на ОН соопшти дека Израел извршил геноцид врз Палестинците во Газа. Во новиот извештај се вели дека постојат причини да се заклучи дека четири од петте дела на геноцид дефинирани со меѓународното право се извршени од почетокот на војната со Хамас во 2023 година: убивање членови на група, предизвикување големо физичко и ментално страдање, намерно создавање услови за уништување на групата и спречување на раѓања.
Ина Многуфина: Росица (31) барала помош. Барала помош кога ја тепал, барала помош кога и се заканувал, барала помош кога и ја запалил колата, барала помош кога видела дека не и помага никој и се плашела дека ќе ја убие. Ја убил. И нејзе и татко и. И сега ќе тече истрагата по кој редослед и како. Истрагата може да почне од тоа кој не постапувал? СВР Велес, ЈО, не знам, некој не постапувал. Некој сметал дека овој човечки отпадок треба да е на слобода и да може да ја малтретира. Некој не видел проблем во тоа. Прашањето е кој?…