Author: Marija Todorovska

Букурешт: Големите поплави, предизвикани од обилни врнежи, кои ја погодија Романија вчера се закануваат да го уништат рудникот за сол Праид, кој се смета за еден од најголемите резервоари на сол во Европа.

Read More

Неколку десетици лица ангажирани со договори за дело во Клиничка болница Тетово во кругот на установата одржаа јавен протест поради неисплатени хонорари и тоа што не добиле нови договори. Според нив, станува збор за над 140 луѓе кои се ангажирани како медицински сестри и техничари, болничари и администрација, кои веќе трет месец очекуваат да добијат нов договор на дело, како и исплата на хонорари за два месеци. Се бара и трајно решение, односно нивно вработување на неопределено време.

Read More

Бугарското Собрание денеска усвои нова резолуција за напредокот на земјава во процесот на пристапување кон Европската Унија. Резолуцијата била едногласно поддржана со 194 гласови „за“.

Read More

Стево Пендаровски:  Владата најави стратешки договор со Обединетото Кралство, но досега видовме само меморандум за соработка. Во она што го видовме, нема ништо стратешко.Тоа, според својата содржина, може да биде меморандум за соработка, дури и почетно писмо за намери во кои двете влади набројуваат четири области во кои допрва треба да седнат работни групи и да прецизираат какви проекти би работеле. И според таа содржина генерална, не станува збор за ништо стратешко туку  станува збор за кредитирање на проектите кои допрва ќе бидат прецизирани од двете страни- британско кредитирање за инфраструктурни проекти во Македонија. Тие најавуваат дека е можно да…

Read More

Студентите во блокада најавија за попладнево во Белград протест под мотото „Сакаме избори“. Протестот ќе почне во 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, ќе се протестира пред Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата.

Read More

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.

Read More

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати сериозно предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните услуги во Чаир, истакнувајќи дека граѓаните се изложени на ризик од ширење на епидемии.

Read More

 По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донел решение за отфрлање на анонимните пријави против директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) за кривични дела фалсификување исправа и употреба на исправа со невистинита содржина.

Read More

Обвинителството очекува осудителна пресуда и конфискација на имотот на обвинетите во случајот „Адитив“, поради основано сомнение за злосторничко здружување и перење пари. Јавната обвинителка Наташа Поп Трајкова денеска изјави дека располагаат со доволно материјални и вербални докази кои ќе ја докажат вината на обвинетите. Во однос на фактот шро во случајот има обвинето цели семејства, рече дека е бидејќи преку нивните сметки или фирми се вршеле фиктивни трансакции, а за истрагата за претседателката на ДКСК, Татјана Димириевска, кажа дека е во тек и обвинителството анализира голем број електронски податоци.

Read More

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонскиот јазик, односно на 80-годишнината од прогласувањето на македонската азбука, во македонската амбасада во Брисел се отвори изложба на ликовни дела на Славко Јаневски. Станува збор за двесетина слики, масло на платно, во мал формат кои беа изложени пред очите на стотината посетители на овој настан. Изложбата ја отвори архитектката Јана Јаневска Терзиоска, ќерка на Славко Јаневски, која при тоа го прочита кусото излагање на Ѕвездан Георгиевски, извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Read More