Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на медицински персонал од Клиничка болница Тетово

0
By Marija Todorovska on May 30, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 30, 2025 13:16

Неколку десетици лица ангажирани со договори за дело во Клиничка болница Тетово во кругот на установата одржаа јавен протест поради неисплатени хонорари и тоа што не добиле нови договори. Според нив, станува збор за над 140 луѓе кои се ангажирани како медицински сестри и техничари, болничари и администрација, кои веќе трет месец очекуваат да добијат нов договор на дело, како и исплата на хонорари за два месеци. Се бара и трајно решение, односно нивно вработување на неопределено време.

Нашите барања се да ни се даде ветеното. Јас сум шест години, работам со договор на дело, а има колешки што се и повеќе по десет години. И претходната Влада и оваа Влада ни ветуваат решенија, но ги немаме. Два месеци сме без плата, немаме договори. Мислам дека вредно работиме, и самите пациенти и колеги знаат и не поддржуваат мислам дека треба да ги добиеме решенијата што ни се ветеени долго време. Плати немаме за два месеци и немаме трпение, истакнаа медицинските сестри и другите ангажирани лица.

Тие велат дека работеле и во време на пандемијата со КОВИД и постојано се во очекување на трајното решение.

Работиме со договор на дело без здравствено осигурување и без стаж, со прекини, договорите се некогаш на два, некогаш на шест месеци, договорите не ни биле преку целата година. Сме имале прекини. Овде сме околу 140 луѓе, медицински персонал медицински сестри, болничари, администратори, истакнаа медицинските лица на протестот.

Групата која се собра пред Ургентниот центар потоа се упати кон административната зграда на разговор со директорот Агим Бериша. Тој прими тројца претставници на кои им образложи дека чека одобрение од Министерството за финансии.

Ние како Клиничка болница инсистираме да се реши вашиот случај. Само што не е до нас, ние сме направиле да ни одобрат од Министерство за финансии. Сме добиле одобрување од Министерство за здравство да се продолжат договорите од трети месец до 12 месец. Од Финансии уште не сме добиле, правиме напори, чекаме уште да добиеме одобрение така што ќе бидете на време исплатени, истакна Агим Бериша пред медицинските сестри и медиумите.

Според директорот во Владата се прават напори да се најде начин сите лица ангажирано со договор на дело да добијат и вработување на неопределено време.

Клиничка болница Тетово Медицински персонал протест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.