Author: Marija Todorovska
Доцна вечерва заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за Скај њуз од Претседателската палата во Кијив, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели тој, е потребна храброста на Трамп, објави Скај њуз.
Пожар рано утрово избувнал во сервис за возила пред Пинтија, над Стаклара во местото викано Каменик. Во сервисот имало повеќе автомобили, масло за автомобили и запаливи предмети.
Започна институционален процес за заштита на македонскиот рубин – геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа што природно се вади и обработува, соопштија попладнево од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).
Поради отсуство на претставник на правното лице „Контракси компани“ ДООЕЛ Неготино, денеска, беше одложено судското рочиште за предметот „Адитив“ што се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј.
Извршени се 13 интервенции од Итната медицинска помош во текот на изминатата ноќ, заклучно со попладнево, во реонот на Трубарево. Притоа, едно лице е транспортирано во болница и извршен е транспорт на неподвижно лице до друго населено место, соопштија попладнево од Министерството за здравство.
Од 1 декември, учеството за станбен кредит за оние граѓани кои за првпат сакаат да купат стан ќе биде 10 проценти, а за сите останати се зголемува од постојните 15 на 25 проценти. Ова се овозможува со одлуката за макропрудентни мерки што денеска на седница ја усвои Извршниот одбор на Народната банка.
Властите на Јута синоќа соопштија дека двајца мажи се уапсени под сомнение дека поставиле бомба под медиумски возила во Солт Лејк Сити, каде што има голем број новинари, кои известуваат за убиството на американскиот патриот Чарли Кирк.
Европската Унија ја потврдува виталната важност на почитувањето на демократските принципи, човековите права и владеењето на правото, признавајќи дека тие денес се поважни од кога било и се основа на нашите општества, соопшти Европската комисија по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.
Од иницијативата „Кој е следен“ повикаа на мирен собир на плоштадот во Скопје по повод 6 месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес остро реагираше на обидот на премиерот Христијан Мицкоски да ја искористи трагедијата во Трубарево за, како што рече, „пи-ар драмолетка со хибриден напад“.
На 15 септември секоја година светот го одбележува Меѓународниот ден на демократијата. Востановен е од страна на Обединетите нации во 2007 година. Датумот, 15 септември, потекнува од Универзалната декларација за демократија, усвоена од Интерпарламентарниот сојуз во 1997 година. Тој ден претставува повик до сите земји и граѓани да ги зајакнат напорите за демократија, владеење на правото и човековите права.