Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши истрагата од крвавиот настан во Велес, телата на тројцата починати пратени на обдукција

0
By Marija Todorovska on September 16, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 16, 2025 09:56

Доцна вечерва заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата семејна драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

Јавниот обвинител при ОЈО Велес Цветанка Богоевска потврди дека увидот заврши, а телата на убиените се испратени во Институтот за судска медицина во Скопје.

Извршив увид на лице место на настанот заедно со екипа на СВР Велес. Подигнати се траги на лице место, а телата на починатите се пратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Материјалните траги кои се пронајдени на лице место ќе бидат испратени на вештачење. Во текот на увидот фотографирано е на лице место и од настанот ќе биде направен детален извештај, појасни Богоевска.

Најави дека утре ОЈО ќе објави целосно соопштение за настанот и дека предмети ќе има и во други обвинителства.

Попладнево во 15:30 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. Како што информира портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, на местото на настанот излегле полициски службеници и констатираале дека се работи за 31 годишната Р.К. од Велес, која од Итна медицинска помош била пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт. Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и 68 годишниот К.К , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет е пронајден и 39 годишниот И.С. од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт,појасни Ѓаковска.

Велес самоубиство убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.