Author: Marija Todorovska

Во документот се вели дека секоја земја примател ќе треба да додели привремен правен статус за сите префрлени мигранти и „ќе треба да се обезбеди соодветно сместување и прием во третата земја по пристигнувањето за да се обезбеди дека потребите се задоволени, со поддршка на земјата испраќач“.

Read More

Итна надградба на граничниот премин Евзони, со воведување дополнителни мерки што ќе ги забрзаат контролите и ќе го намалат повеќечасовното чекање за влез и излез од Грција, било одлучено на состанокот свикан од заменик-министерот за внатрешни работи надлежен за областа Македонија-Тракија Константинос Јулекас и секретарот на децентрализираната администрација на истиот регион Јоанис Савас.

Read More

Бранимир Јовановиќ: Колку се проблематични ваквите проекти, најдобро се гледа од унгарскиот заем. И него го најавуваа помпезно уште пред да стапат на власт, ги криеја деталите од очите на јавноста, не консултираа ни професори, ни невладини, ни никој во процесот. И сега, една година откако беше најавен заемот, не гледаме ама баш ништо од него. Тоа мислам дека ќе се случи и сега. Ќе се тресе гората неколку месеци, а нема ни глувче да се роди. Извор: Призма 

Read More

Брисел: Најстарата високообразовна институција во Белгија, Католичкиот универзитет во Лувен (КУЛ) за свој нов ректор ја избра Сејверине Вермере. Со ова, Вермеир стана првата жена на чело на овој највисоко рангиран универзитет во Белгија во неговата 600-годишна историја.

Read More

Учениците од средните училишта во Белград најавија протест пред Министерството за образование за денес, во 18:30 часот, поради планираното продолжување на учебната година, со цел да се надоместат пропуштените часови за време на блокадите.

Read More

Обилни дождови предизвикаа поплави долж источниот брег на Австралија, сериозно погодувајќи ги помалите градови на околу 250 километри северно од Сиднеј, каде што жителите беа заробени на покриви, јавија денеска локалните медиуми.

Read More

МОН постојано стихијно нешто „решава” без консултација со кадарот во текот на изработката на законите, концептите или постапките со учебниците, повеќе изгледа како да се мешаат непоканети, отколку што нешто спроведуваат, водат или владеат.

Read More

Владата  денеска на седница го прифати договорот со британската Влада за стратешко партнерство и го овласти вицепремиетрот и министер за транспорт Александар Николоски да го потпише на церемонија во Лондон закажана за четврток.

Read More

Уставниот суд го укина член 4, став 7 од Деловникот за работа на Советот на јавни обвинители на РСМ, кои предвидуваа можност во унапредување на обвинителите во кариерата да се цени како позитивна обвинителска дејност и работењето на членовите на Советот на јавни обвинители, изјави уставниот судија Осман Кадриу, на прес-конференција по седницата.

Read More