Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју / Емилија Целакоска: Најавените новини во образованието досега ги нема

0
By Marija Todorovska on May 21, 2025 ОБРАЗОВАНИЕ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 21, 2025 08:30

МОН постојано стихијно нешто „решава” без консултација со кадарот во текот на изработката на законите, концептите или постапките со учебниците, повеќе изгледа како да се мешаат непоканети, отколку што нешто спроведуваат, водат или владеат.

Марија Тодоровска

Разговаравме со професорката на Машинскиот факултет, Емилија Целакоска, за актуелните состојби и предизвици во образованието во период на чести и контроверзни промени во образовната политика.

Нова: Како гледате на актуелната образовна политика особено во контекст на нацрт-концепцијата за реформи во гимназиското образование посебно во делот што предизвика најмногу реакции: трансформацијата на хуманистичките науки како што е филозофијата од редовен во во изборен предмет и целосното отфрлање на етика и логика и што ни кажуваат овие најавени реформи за правецот во кој министерката Јаневска го води образованието?

Целакоска: Одговорив и јавно, и на електронската пошта на Бирото за развој на образованието, како што тогаш МОН сметаше дека забелешки на електронска пошта е „јавна дебата”.

Линк

Нова: Како го коментирате настапот на министерката Јаневска пред студентите на платото на УКИМ, кога дојдоа да оддадат почит на жртвите од Кочани?

Целакоска: Бидејќи не беше поканета од студентите, мислам дека нејзината постапка служеше за ставање на ознака на политизација врз настанот, со цел некаква диверзија за разбивање на единството на Универзитетското Студентско Собрание. Особено што стиховите на Ацо Шопов коишто избра да ги изложи добија многу негативен контекст на воздржување од изразување на болката. Студентскиот оброк остана во место и инфлацијата на цените на прехранбените производи го „изеде”, требаше да се зголеми најмалку на 200 денари.

Нова: Каков е односот на актуелната власт кон образованието, се наѕира ли јасна стратегија, визија?

Целакоска: Со оглед дека платформата 1198 е јавна, најавените новини од неа во образованието досега ги нема, имаше само обиди за дисконтинуитет на добрите пракси, на пример на образовната асистенција во основните училишта (ги отпушти сите асистенти, а потоа цел месец подоцна мораше сепак да отвори конкурс, со што 1 септември почна без образовни асистенти) и враќањето на ресурсните центри во статус на специјални основни училишта без соодветен закон за нив. Сепак, за поздрав е намерата за проширување на образовната асистенција во средното образование, но не смее да се дозволат „технолошки вишоци” од наставници и стручни соработници и би требало на стручните соработници – образовни асистенти да им се подобри статусот со трансформација на работниот однос, при што ќе ги имаат истите права и сигурност на работното место како останатите стручни соработници. Жалам што МОН постојано стихијно нешто „решава” без консултација со кадарот во текот на изработката на законите, концептите или постапките со учебниците, повеќе изгледа како да се мешаат непоканети, отколку што нешто спроведуваат, водат или владеат.

Емилија Целакоска образование образовни асистенти Студентски оброк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.