Author: Marija Todorovska
Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска ги критикуваше плановите за преземање на дистрибуцијата на хуманитарна помош во Газа, кои беа презентирани во четвртокот од Израел и САД, и предупреди дека тие ќе го влошат страдањето на децата и семејствата.
Апелациониот суд во Штип одлучи дека е неоснована жалбата на Фадил Зејнелов против пресудата со која беше осуден на казна доживотен затвор за убиството на штипјанката Емилија Пешова.
Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13-ти месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна.
Имено, „Опен-АИ“ открива дека „ГПТ o3“ – „халуцинира“ на третина од задачите во тестот за јавни личности – двапати повеќе од минатогодишниот модел „o1“. Покомпактниот „o4-мини“ има уште полош случај, со „халуцинации“ во 48 отсто во слични задачи.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето против Васил Јованов, за сообраќајката од јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Службата за безбедност на Украина (СБУ) разоткри шпионска мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во Закарпатската област што е првпат во историјата на Украина да биде откриен таков облик на шпионажа.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја именуваше водителката на Фокс Њуз и поранешна обвинителка од Њујорк, Жанин Пиро, за привремена американска обвинителка во Вашингтон.
Индија и Пакистан трипати војуваа за Кашмир откако стекнаа независност од Велика Британија во 1947 година. За време на врвот на Студената војна, Советскиот Сојуз ја поддржуваше Индија, додека САД и Кина го поддржуваа Пакистан. Сега, нова ера на соперништво меѓу големите сили се наѕира над долготрајниот конфликт меѓу нуклеарно вооружените јужноазиски соперници.
По преземени мерки и активности, при што бил употребен и дрон, полицијата во близина на наплатна рампа Миладиновци, од слобода ги лишиле К.К.(21) од Република Турција зa кој постои сомнение дека е сторител на синоќешното убиство во Штип, како и А.Х.(22), Т.М.(22), О.М.(29) и А.О.(28), сите од Република Турција, поради сомнение дека му помогнале на К.К. да побегне од местото, соопштија од МВР.
Започнува еко акција „Генералка викенд“ во организација на „Мен енд Маунтен“ во соработка со Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Шпаркасе банка, ЕВН Македонија, Макстил, Бучим Боров Дол, Саубермахер и Костал. Акцијата е поддржана и од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина.
Што се однесува до материјално- финансиските поткрепи, треба да одбиете секаков вид на милост од одговорните за катастрофата, а тоа е власта и државата и да барате оштета. Државата треба да ви плати за жртвите што ви ги предизвикала.
Лицето кое синоќа го уби 25 годишниот Е.О, странски државјанин, во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип е уапсено, информираат од Јавното обвинителство.
