Author: Marija Todorovska
Националното студентско тело на 30 април поднесе официјални барања за итно носење на Законот за студентско организирање.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на продолжениот притвор на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. Според ДУИ, ова претставува селективна правда и политичка одмазда.
Министерот за здравство Арбен Таравари во денешната изјава за медиуми рече дека се радува што „Влен“ се обедини, а како Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори и најверојатно со кандидати за градоначалници. Таравари рече и дека не е за предвремени парламентарни избори.
Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.
Во Собранието се одржа конститутивна седница на Меѓупартиската парламентарна група за следење на имплементацијата на обврските од Берлинскиот процес и реформската агенда од Планот за раст. Иницијативата за оваа Група беше поднесена во октомври минаната година и истата беше прифатена од сите партии, информираат од собраниската-прес-служба.
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот синдикален протест по повод 1 Мај. Смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.
Општата болница со проширена дејност – Кочани од денеска ја стави во функција хипербарната комора, што ја доби како донација, а во која соодветна здравствена помош за рехабилитација ќе добиваат повредените од трагичниот пожар во клубот „Пулс“.
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов најави дека утре на Денот на трудот – 1-ви Мај синдикатот ќе протестира за зголемување на платите и работничките права. Протестот започнува во 11 часот од пред Работничкиот дом и ќе продолжи до Собранието и пред Владата.
Уставниот суд денеска ја укина Одлуката за давање одобрение за основање на Приватно средно училиште „Медресеја Иса Беу“ – скопското село Кондово, која е донесена од страна на Владата на 26 март 2024 година.
Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА.
Специјалното одделение за борба против корупцијата при Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена преткривична постапка во врска со случајот „подарување мобилни телефони и паметни часовници“ на припадници на интервентните полициски единици (ИЕП) во Нови Сад, објави весникот „Данас“.
Министерството за внатрешни работи (МВР) на Северна Македонија реши да ги покачи цените на обрасците што ги издава за постојан престој на странец и за привремен престој на странец.
