Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет ги избра Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова за судии на Врховен суд

0
By Marija Todorovska on April 30, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 30, 2025 15:38

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.

Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во Службен весник. Како што рече, по спроведената постапка, од страна на Комисијата при Советот, поднесен е извештај со конечна ранг листа на кандидатите.

Известителот и претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска, судии на Апелационен суд Скопје.

Членот Весна Дамева побара изземање при изборот на кривичните судии во Врховниот суд, од причина што двајцата кандидати, Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска учествувале во предмет во кој што против правно лице, кое се јавува во својство на оштетено, нејзиниот сопруг е одговорно лице.

По однос на останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска  и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.

Заради одредени околности кои што постојат, сметам дека денес не постојат услови за избор на граѓански судии. Дали во ваква ситуација денес може да се спроведе реален и објективен избор. Станува збор за унапредување на судии во највисокиот суд во државата. Јас нема да го дадам мојот глас во овој момент и во овие околности за ниту еден кандидат, бидејќи лично сметам, доколку се спроведе изборот, истиот нема да биде објективен, рече Дамева.

Претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска посочи оти смета дека не постојат законски пречки да се изврши избор на судиите.

Сметам дека не постојат законски пречки за ние денеска да извршиме избор по оваа ранг листа, освен за одредени судии за кои што постојат околности, кои ние не можеме јавно да ги изразиме, но тоа не значи дека тоа е пречка да не извршиме избор, рече Црвенковска.

Претседателот на Судскиот совет, Камбовски го стави предлогот на членот Весна Дамева за поништување на огласот за избор на тројца судии на Врховен суд во граѓанската област, по што двајца членови гласаа „за“, а 10 гласаа „против“. По ова, продолжи изборот на кандидатите.

Не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар. Кандидатите не добија бадентер, поради, како што наведоа дел од членовите кои гласаа „против“, недостиг на интегритет и кредибилитет.

Исто така, членовите на Судскиот совет на денешната седница ги избраа Наташа Андреева за судија на Основен суд Велес, Дерим Полиси за судија на Основен суд Струга, додека Емилија Борисавлевиќ Александровска, Јасна Ушковска,  Звезда Илиеска, Елена Лукарева, Марко Кржаловски, Софче Китанова Проданов, Маја Гроздановска беа избрани за судии на Основен граѓански суд – Скопје.

Александра Адеми, Берниса Рахиќ, Ирена Јаниќ, Роберт Митевски, Билјана Тодоровска, Сулејман Сулејмановски, Сибил Сефејдинова, Фатус Јусуфи и Фитим Лога се избрани за судии на Основен кривичен суд – Скопје.

Членовите денеска со 12 гласа „за“ го избраа Мирослав Георгиевски за претседател на Основен суд Кратово.

Врховен суд Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.