Author: Marija Todorovska
Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска испрати соопштение за јавноста во кое нагласува дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата во никој случај не смее да биде оспорен. Принципот на презумпција на невиност, односно секој е невин додека не се докаже спротивното, како и принципот на владеење на правото, потребно е да се почитуваат. Таа вели дека останатите 6 члена на институцијата која ја претставува, немаат никаква поврзаност со делото за кое е осомничена.
Регулаторното тело за електронски медиуми во Србија (РЕМ) ги повика медиумите во државата да ги прекинат своите програми за една минута во спомен на жртвите од злосторства, на претстојната годишнина од масовните убиства во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград и во околината на Младеновац.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело даночно затајување, со што го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија по основ на ДДВ во износ од 5.632.920 денари.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека за нецела година покажа и докажа како се работи макотрпно, чесно и достоинствено во интерес на граѓаните.
Околу 600 севернокорејски војници загинале додека се бореле во Русија против Украина, соопштија денеска јужнокорејските пратеници, повикувајќи се на разузнавачката агенција на Јужна Кореја. Според нив, вкупно 15.000 севернокорејски војници биле стационирани во областа, објавија светските агенции.
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повикува на првомајски протест во 11 часот пред Работничкиот дом во Скопје.
Први мај во Србија ќе се одбележат шест месеци од падот на настрешницата во Нови Сад при кој животот го загубија 16 лица.
Меѓу граѓаните кои излегоа на денешниот протест на семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, се најдоа и професорите Љубомир Фрчкоски и Оливер Андонов, објави Слободен Печат.
Сѐ заедно, глетката сведочи за едно насилство на глупави и арогантни пљачкаши и грубијани, без вкус и осет за пристојност.
Рим: Бројот на кардинали кои ќе учествуваат во конклавата за избор на нов папа се намали од 135 на 133, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Во Министерството за внатрешни работи во тек е средба на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани со министерот Панче Тошковски.
