Author: Marija Todorovska
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека преговорите за примирје меѓу Русија и Украина „одат добро“, но нагласи дека решението мора да дојде наскоро.
Скопје: Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје.
Ризвановиќ: И Алијансата се соочува со внатрешна сложеност; Андоновиќ: Овој воен сојуз ја поттикна Србија да започне со реторика на воено историски моменти; Андонов: Иницијативата не е исклучиво хрватско-албанска; Малески: Новата геополитика произведува сериозно поместување и на Балканот; Величковски: Владата недоследна кон стратешката национална цел – да работиме на сопствениот одбранбен капацитет.
Во текот на целата истрага се обидував на суптилен начин да ги наведам на правиот пат. Што сѐ не кажуваа, какви сѐ небулози не слушнавме за време на истрагата, изјави таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. На денешното судење за убиството на Вања и Панче, Ѓорѓевски на прашања на обвинителството сведочеше за истрагата. Тој ја критикуваше полицијата, наведувајќи дека не видел конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, истакнувајќи: „Таму каде што бев присутен во присуство на полицијата, не видов конкретни чекори за пронаоѓање на Вања, единствена надеж наоѓав во „Сејф Сити“.
„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не одговара на прашањата од Палевски.
Министерството за здравство информира дека денеска се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.
Во тек се подготовките во центарот на српскиот главен град за тридневниот собир на „Движењето за народот и државата“ што го најави претседателот на државата, Александар Вучиќ, и ќе се одржи од 11 до 13 април.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов на прес-конференцијата во врска со настаните од КПД Штип не ја објавува реалната состојба, туку прави шоу за граѓаните со цел омаловажување и дискредитирање на колегите, истакнуваа денеска во пишана реакција од Независниот синдикат на полицијата.
Билјана Кочоска: Добре дојдовте на собирот на лешинари, глодари, некрофили и аматерски уценувачи на трагедии. Да, тука сме! Зошто? Па затоа што, според некои, ние уживаме во туѓа болка. Барем така велат тие што веќе со години болката ја претворија во своја дневна рутина. Ние не сме обични граѓани. Според нив, сме некаква хибридна ѕверка – тајна секта, странска служба и политичка НВО, со буџет колку една сметка за струја. Ние не бараме правда, туку крв. Не сакаме безбедност, туку власт. Така викаат. Неспоиво е, според нив, едноставно да ти е доста. Да, сите ние што работиме, сме, наводно, платеници.…
„Ние не сме тука за нив. Ние сме тука за сите нас. Не сме тука да рушиме држава – тука сме да си ја вратиме“, порача Билјана Кочоска од иницијативата „Кој е следен?“ на протестот пред Кривичниот суд во Скопје.
Скопје: На граничниот премин „Блаце – Елез Хан“ утре во 11.00 часот ќе се одржи свечена церемонија за пуштање во употреба на системот на заеднички гранични проверки „One Stop Shop“. На настанот ќе присуствуваат високи македонски и косовски владини делегации, министри, вицепремиери, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти, директори на државни управи, како и претставници на дипломатскиот кор во државата.
Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на Вања и Панче со сведочење на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Тој одговараше на вкрстени прашања од обвинителката, преку кои таа го испитуваше во однос на неговиот живот, исчезнувањето на Вања и потрагата по неа.
