Author: Marija Todorovska
Брисел: Европската комисија обезбеди дополнителна хуманитарна помош од 10 милиони евра за жртвите од земјотресот во Мјанмар, јавуваат странските агенции.
Сведоци сме на глобална војна. За разлика од историските светски војни, глобалната се води на секоја педа од планетата. Економски климатски, миграциски, воено итн., вели новинарот и аналитичар за безбедносни и воени теми, Дејан Андоновиќ.
Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави.
Балканот историски и современо е полн со антагонизми и територијални претензии. Србија и делови од сегашна Хрватска, Банија, Кордун лика дел од Славонија Барања, Книн и т.н. ги смета за историски српски територии. Хрватска смета дел од Војводина до Земун како дел од Хрватска. Унгарија смета дела како резултат на Австроунгарското царство Риека е унгарско пристаниште на Јадранот. Да не споменуваме делови од Босна и Херцеговина , Црна Гора и Косово. Сето ова добра подлога за конфликт.
Епл планира да префрли дел од производството на Ајфон (iPhone) од Кина во Индија за да го ублажи влијанието на новите американски царини наметнати на кинеските производи од страна на претседателот Доналд Трамп, објави Волстрит журнал.
Денеска, 8-ми април, се одбележува Меѓународниот ден на Ромите. Овој ден е потсетување на долгогодишната борба за подобар и подостоинствен живот на оваа група луѓе, како и прославување на уникатната и богата ромска култура.
Српските студенти во блокадата побараа денеска одговорност и заштита на пациентите, порачувајќи дека здравјето и достоинството мора да бидат пред политиката.Тоа е нивно шесто барање – покренување на постапката и разрешување на надлежните во Универзитетскиот клинички центар на Србија и во Ургентниот центар.
Новинарите во Грција од пет часот утрово започнаа 24-часовен штрајк што е трет во изминатите три месеци, а земјата денеска ќе биде без вести и информативни емисии.
Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка извесност, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.
На почетокот на владеењето на новата американска администрација, економските политики на САД засега не се движат по јасна и конзистентна економска траекторија. Насочени се против сите, односно истите ги штитат американските интереси и претставуваат форма на економски протекционизам, вели Павел Гацов, претседател на Здружението на даночни советиници на РМ.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Преземањето на реципрочни мерки кон САД не е добар избор за Македонија. Напротив. Добри изгледи би имало евентуално Барање на македонската Влада за одложена примена на новите царини за Македонија (грејс период за примена на новите царини), за во меѓувреме да се бараат алтернативи во договарање на слободна трговија, одбегнување на двојно оданочување, промена на македонските царински тарифи итн.
