Author: Marija Todorovska
Првата од петте планирани фази на штрајкот во хрватските училишта, организирана од три синдикати, започнува денеска во четири далматински окрузи, пренесе ХРТ. Далмација е првиот регион што штрајкува, бидејќи таму беше најголем одѕив на предупредувачкиот штрајк на 19 март.
Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Полицаецот од Шестата управа во Министерството за внатрешни работи, кој до вчера беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во притвор во КУП Затвор Скопје, потврди директорот на установата, Бобан Утковски.
Диана Тахири По интервјуто на 360 степени, на министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, дека освен со АА, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН. На оваа изјава, сите три партии од коалицијата ВЛЕН, речиси синхронизирано, излегоа со соопштија на социјалните мрежи во кои ги негираат наводите дека имаат комуникација со ДУИ. „Сигнали има, секако дека има. Не дека има само со Алијанса, ДУИ сигурно има комуникација и со другите партии од ВЛЕН. Тоа е неспорно и постојат такви информации, но тоа е небитно. Видете, друга опција, ако…
Телата на повеќе од десетина хуманитарни работници се извлечени во јужниот дел на Газа од она што агенцијата на Обединетите нации го опиша како „масовна гробница“, една недела откако исчезнаа по нападите на израелските сили, објави Си-ен-ен, пренесува ЦивилМедиа.
На прес конференцијата пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ рече дека „животниот стандард на граѓаните е на дното. Цените растат, а платите тапкаат во место. Власта одбива да ги покачи платите и работниците ги држи со најниски плати во регионот“.
Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира изутринава министерот за здравство Арбен Таравари.
Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи.
Бројот на загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар се искачи на 2719, додека 4521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнати, се наведува во изјавата на генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата.
Ацо Кабранов: Ме чуди пред сè Филипче зошто бара лидерска! Што ќе зборат. Со кого? Со Мицкоски ли. Премиерот ни е летнат во облаци и со Тошковски прават се да ја амортизираат штетата што е логично да ја понесе владата од ужасната трагедија во дискотеката Плус. Но не им оди лесно да ја забошотат одговорноста на функсионери од нивната партија, почнувајќи од нив двајца. На Мицкоски добро му дојде да живне малку демек цинично да одговори на најавата на Филипче дека ќе барал лидерска па забавлја народ и во вакви траорни моменти, демек ја чув уште немам официјално нека ме…
Трагичниот колапс на облакодер во Бангкок, зад кој стојат истите кинески изведувачи поврзани со работите на железничката станица во Нови Сад, отвори нови прашања за безбедноста на кинеските проекти ширум светот, пишува српскиот портал Време.
Вредноста на вкупните онлајн трансакции во 2024 година направени кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци изнесува 43,629 милијарди денари или 709,4 милиони евра, со што е остварен пораст од 9,3 отсто во споредба со 2023 година. При тоа, бројот на вкупните онлајн трансакции изнесува 21,6 милиони, односно е за 11,4 отсто повеќе во однос на 2023 година, информираат од Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ).
