Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинезите кои го градеа облакодерот што се урна во Бангкок, работеле и на бетонската настрешница што се урна на железничката станица во Нови Сад

0
By Marija Todorovska on April 1, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 10:19

Трагичниот колапс на облакодер во Бангкок, зад кој стојат истите кинески изведувачи поврзани со работите на железничката станица во Нови Сад, отвори нови прашања за безбедноста на кинеските проекти ширум светот, пишува српскиот портал Време.

Додека Си-Ен-Ен и Телеграф детално ја истражуваат одговорноста на кинеските компании, Србија има причина со посебно внимание да ги следи случувањата поврзани со тој случај.

Додека безбедноста на железничката станица во Нови Сад и одговорноста на кинеските изведувачи од конзорциумот CRIC-CCCC, предводен од China Railway International Company, се уште се истражуваат во Србија, новата трагедија уште еднаш покрена лавина прашања за безбедноста и доверливоста на проектите што ги спроведуваат кинеските градежни компании ширум светот.

Во прашање е уривањето на облакодер во Бангкок, чија изградба, според меѓународните медиуми, и е доверена на компанијата China Railway Number 10 Engineering Group – поврзан субјект на државната корпорација што работи и во Србија.

Како што јавија Си-Ен-Ен и британски Телеграф, во петокот (28 март) во Бангкок, по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени во Мјанмар, се урна зграда висока 137 метри, планирана за седиштето на Државниот завод за ревизија на Тајланд.

Проектот вреден повеќе од две милијарди тајландски бати (околу 45 милиони фунти), изграден цели три години, го водеше компанија чии актери и се познати на јавноста во Србија – италијанско-тајландската корпорација Italian-Thai Development Plc и компанијата China Railway Number 10 (Tailand) Ltd. Вториот е локален огранок на кинескиот гигант China Railway Number 10 Engineering Group, со удел од 49 отсто, што е максимален удел на странските фирми во тајландските компании, објави Телеграф, повикувајќи се на локален извор The Nation.

Истрагата на тајландското Министерство за индустрија е фокусирана на можните причини за оваа катастрофа, меѓу кои се прашањата за квалитетот на употребениот челик, лошиот градежен проект, како и можната несоодветност на конкретниот метод на градба – таканаречените „рамни плочи“, односно рамни плочи кои лежат директно на столбовите, без класична потпора. Освен тоа, експертите го посочуваат и проблемот на тлото на кое почива Бангкок: мекото и нестабилно тло би можело значително да ги зголеми ефектите од земјотресот, пишува Телеграф.

Она што дополнително го зајакна сомнежот за пропусти во градежниот процес е бришењето на сите објави на China Railway Number 10 Group на кинеските социјални мрежи поврзани со тој проект.

Си-Ен-Ен го детализираше бришењето на објавите во кои компанијата се фалеше дека ја довршила главната структура на зградата само неколку дена пред катастрофата. Недостигот од одговори на истрагите на медиумите укажува и на можни обиди за прикривање на одговорноста, што е особено загрижувачко во земјите партнери ширум светот, вклучително и Србија, каде кинеските изведувачи веќе се соочија со безбедносни проблеми во трагичното уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.

Имено, во Нови Сад, токму овие кинески партнери ја гарантираа безбедноста на патниците, додека постапката за примопредавање на објектот, како што претходно објави „Време“, ја одбележаа низа процедурални пропусти, кои се предмет на истрага.

Несреќата во Тајланд уште еднаш отвори важни прашања – дали градежните стандарди и процедури се доволно ригорозни и транспарентни и какви поуки може Србија да извлече од ваквите трагедии кога станува збор за ангажирање странски компании, особено оние со голем удел во српскиот градежен сектор.

бангкок Железничка станица земојтрес Мјанмар нови дад облакодер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.