Author: Marija Todorovska
Од избувнувањето на војната со Руската Федерација во Украина, загинаа 604 деца. Повикувајќи се на податоци на Државното обвинителство на Украина, украинските медиуми објавија дека 2.421 дете во Украина биле повредени во вооружени конфликти.
Независното студентско собрание го објави правилникот и дневниот ред на студенткиот пленум кој ќе се одржи денеска во 13 часот на платото на УКИМ.
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните.
Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, е стабилна, изјави синоќа бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ.
Од Независниот студентски сојуз на УКИМ реагираат на гласините дека утрешниот собир на студентите на платото на УКИМ е откажан.
Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 22/23.03.2025 на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово од страна на полициски службеници од слобода биле лишени вкупно 17 лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик односно поради непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост.
На Универзитетската клиника за хируршки болести во Скопје во моментов се лекуваат десет пациенти од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, од кои на шест веќе им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници, информираше денеска директорот на Клиниката, Небојша Настов на заедничката прес-конференција со портпаролите на Владата, Марија Митева и Венера Љатифи Азизи, како и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Марјан Забрчанец:Јавно се обраќам до сите медиуми и т.н. “медиуми” кои ги објавија или ќе ги објават ваквите клеветења, навреди, хушкања, етикетирања и дезинформации и барам да го повлечат моето име од објавите и да се извинат за намерното предизвикување и ширење омраза и гнев и тоа во време на национална трагедија.Бидејќи сакаат да се занимаваат со “следење”, сигурен сум дека следачите ќе им ја пренесат следнава порака. Доколку во рок од 24 часа не ги повлечат клеветите, навредите и хушкањата кон мене, ќе се повикам и ќе постапам согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.Барам…
Турскиот суд нареди градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, противник на претседателот Ердоган, да биде задржан во притвор, јавија турските медиуми.
