Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочани: Марш со молк

0
By Marija Todorovska on March 23, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот Слободен Печат
Фото: Скриншот Слободен Печат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 23, 2025 16:34

Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен Марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела.

Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани.

Со мотото „Молкот зборува најгласно“, стоејќи мирно, учесниците на маршот испратија симболична порака дека бараат одговорност за трагедијата којашто уништи неколку генерации млади луѓе.

На крајот од 15-минутната почит за загинатите, беше упатена благодарност до сите пријателски држави кои на лекување ги примија повредените од пожарот. Во пораката до институциите беше нагласено дека граѓанските протести и собири не се за менување власт, туку повик за менување на свеста против начинот на кој функционира целиот систем во државата.

Ние во Кочани секогаш сме биле разумни и рационални луѓе, а проблем е што ова е гнил систем кој не функционира. Ако кренеш глава за правда ќе те избркаат од работа, ќе те наместат, ќе те затворат. Системот не функционира веќе 30 години, но ние немаме намера да рушиме власт. Оваа држава има прекрасни луѓе, но половината се во странство, а другите, нашите најдобри интелектуалци ги ставивме во дупките во земја. Сега ќе имаме и работа и фирми, но немаме деца. Не бараме револуција за промена на власт, туку бараме револуција за менување на нашата свест. Да се свестиме и да прекинеме со партиските поделби, да почнеме од овој момент да создаваме нормално општество. Во сите партии има прекрасни луѓе, но тие се во десеттиот, единаесеттиот ешалон. Што треба да се случи полошо од ова, кога веќе немаме ништо. Ако умре овој град, барем нека се спасат другите градови, рече Влатко Здравко, учесник во маршот.

Учесниците на маршот се разотидоа мирно и најавија дека ќе продолжат со собирите и барањата за институционално решавање на трагедијата во Кочани

Дискотека Кочани марш молк пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.