Author: Marija Todorovska

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Read More

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани. Како што посочи, во 11:30 часот за Шведска денеска ќе бидат пренесени двајца пациенти, а после пладне уште тројца пациенти. Тој напомена дека може да се очекува во текот на следните денови и враќање на одредени пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

Read More

По прекинот што настана за третман на пациентите од пожарот во Кочани на хируршките килини во Скопје од денеска ќе продолжат операциите за онколошки пациенти, а се очекува од утре клиниките да работат со целосно планираните програми, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Read More

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале кумановецот Т.В.(58), сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот.

Read More

 Турските власти го приведоа градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагите за корупција и тероризам, објави државната телевизија ТРТ, повикувајќи се на Обвинителството во Истанбул, пренесува CNN.

Read More

Американски федерален судија синоќа ги блокираше милијардерот Илон Маск и Одделот за владина ефикасност (DOGE) да направат дополнителни кратења на американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД), велејќи дека нивните напори за затворање на агенцијата за странска помош веројатно го прекршуваат Уставот на САД.

Read More

Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства, Владата преку соопштение ги замолува медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста.

Read More