Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велибор Манев: Причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на Љупчо Палевски

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2025 11:43

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој денеска одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети. Манев истакна дека причината за убиството на Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.

Одговарајќи на прашањето на бранителот на Кешишев, Манев потврди дека на 23 ноември 2023 година, патот до хотелот „Романтик“ бил преку Башино Село, продолжувајќи кон Катланово и Скопје, а потоа се исклучиле кон селото Рудник. Тој, исто така објасни дека тегот, кој бил спуштен во земуницата, сè уште се наоѓа таму.

Јас носев и чамец со катанци за да го одврземе, да биде Панче Жежовски врзан во самата земуница, рече тој. На прашањето дали девојчето било врзано во моментот на убиството, Манев одговори потврдно.

Во однос на прашањата од бранителот на таткото на Вања, адвокатот Владимир Туфегџиќ, за планирањето на грабнувањето, Манев изјави дека Љупчо Палевски предложил потенцијални цели, вклучувајќи директор на „Гранит“ или ќерка на фармацевт.

Десет дена пред грабнувањето, Палевски рече дека ќе ја набљудува жената за да ги дознае нејзините навики, додаде тој.

Манев истакна дека фотографиите од потенцијалната жртва биле направени без директен контакт со нивните телефони.

Прашан дали детето што го грабнале не било личноста од таа фотографија, тој одговори дека наликувале.

Личноста од фотографијата многу наликуваше на детето, висината, боја на коса, личеше како повозрасна жена, воопшто сликата не личеше на дете. Покрај самиот изглед, времето на излегување 7:20 наутро, секојдневно како што следел дека излегува, бевме сигурни дека тоа е таа особа, рече тој.

Кога ја откопчале вреќата за да ја фотографираат жртвата, Манев сфатил дека грабнале дете, а не жена.

Тоа се случи откако ја извадивме од колата, од гепекот, ја поставивме на земја во легната положба, ја откопчавме вреќата и ја извадивме лентата од устата да може да ја слика и тогаш видовме дека е дете, рече тој.

Манев истакна дека тој немал мобилен телефон на местото на настанот, а комуникацијата била преку радио станици.

Во однос на прашањето дали некој од нив се слушнал со родителите на Вања, бидејќи таа им ги дала нивните телефонски броеви, тој одговори дека тој лично не, а за другите не знае.

На прашањето зошто не испратиле слики за откуп, рече дека тоа е прашање за Палевски.

Прашан дали после убиството на детето некој од нив ги спомнал родителите на детето, одговори дека немал контакт.

После убиството, вечерта 27 ноември беше последно излагање во партија кога однесов тегли мед за еден пријател, требаше да си ги подигне од партијата, немав никаков контакт со никој, освен со Боре и првиот контакт беше 30 ноември кога прв пат ми се јави Љупчо Палевски за да ми каже дека заминува за Москва, па после 15 минути да се прејави да ми каже дека заминува за Турција. Со Кешишев немав воопшто контактирано после тоа, рече тој.

Прашан кој одлучувал кој ќе биде грабнат, одговори Палевски.

Тој ги знаеше луѓето во зградата и одлучуваше кој ќе биде грабнат, рече тој. Дополни дека пред да се случи тоа, како што рече „Љупчо Палевски нѐ однесе до зградата да ни објасни каде е влезот, каде е сутеренот, ни ги кажуваше скалите излезни со скалите што одат спрема сутеренот. Тоа беше ноќно време. После тоа не носеше на некоја од бензиските да пиеме кафе, ни ја покажуваше фотографијата за да ја запамтиме особата, рече тој.

Во однос на прашањата за вмешаноста на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, тој одговори дека таткото прв пат му бил посочен во полициската станица.

Кажав дека бев физички малтретиран и тепан за да кажам дека сум видел како Љупчо Палевски разговара со таткото на Вања. Што се однесува на изјавата од 6-ти, бев истрауматизиран, 40 минути бев во исчекување на редот за тепање по стапала до крв, редоследот беше Александар па Боре, па Кешишев, мене ме земаа кога го вратија Кешишев во ќелија, редот ми беше мене да ме тепаат. Четириесет минути слушање како вриштат, знаејќи што ми следува. Од толку што сум бил избезумен имам кажано дека ќерка ми работи во Словенија, а таа никогаш не работела во Словенија, тоа покажува колку сум бил избезумен, рече Манев.

Прашан дали тој лично слушнал и видел дека Љупчо Палевски телефонски разговара со таткото Александар, одговори не.

Не, никогаш, ниту сум слушнал, ниту сум видел, рече тој.

Манев, одговарајќи на прашањето на таткото на Вања кое гласеше „Зошто, што се случи“, заврши со изјавата дека не може да одговори зошто дошло до убиството, додавајќи дека тоа е прашање за Палевски.

Вања Велибор Манев Панче судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.