Author: Marija Todorovska

Имаше и такви кои и од овој трагичен настан ширеа руска пропаганда дека ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска ги даде армиските хеликоптери на Украина и сега нема со што да се транспотрираат повредените во болница.

Read More

И затоа пред да продолжите на кантар да “ја мерите” вината и соучесништвото, направете ги уставните измени, не само како политичка, законодавна и уставна одлука на која сте обврзани, туку како човечка одлука од која брутално е засегнат секој наш поединечен живот. Ослободете го просторот од агонијата на “стоење во место”, на цела држава со или без свест и совест, за личните или туѓи интереси, кои тешко се контролираат при трагедии од ваков размер.

Read More

Панче Тошковски има и многу други причини за оставка, а не само морални. За случајот со вчерашниот трагичен настан, по многу основи може да се лоцира одговорност кај Тошковски.

Read More

Македонската претседателка милуваше во предизборието да се „кити“ со сократовска мудрост. За да поверуваат граѓаните дека е навистина мудра, таа треба во овој стравотен момент да ја разреши актуелната влада, за да се избере експертска влада, слична на првата. Македонските партии се премногу инволвирани во распаѓањето на општеството за да се верува дека тие можат да се преобрзат самите. Во Македонија има доволно компетентни, одговорни и чесни луѓе, потврдени со морален и стручен интегритет, кои можат да ја раководат државата во овој клучен, толку критичен момент за целиот свет. Во спротивно, Македонија ќе остане и натаму таква трошна шупа, во…

Read More

Ана Василевска: Не мачкајте очи со една оставка, и не ржете, покажете доблест, кажете криви сме, и бидете свесни дека од оваа трагедија назад нема. Ќе ви удриме таков мониторинг на секоја една постапка. И секој граѓанин од денес да биде свесен дека мора силно да се спротистави на секоја најмала коруптивна ситуација, од упис во градинка, до посета на лекар, до секој апла рушвет за намигнување и завршуење работа. Ако ви кажат дека треба да сте од партија за да ве вработат, или слично, на сите медиуми да ги кажете, фаците да им ги испринтате и да ги лепиме…

Read More

Дуња Иванова: Вчера изгоревме сите. Изгоре сета надеж. Изгоре се’ што се обидуваме да создадеме во овој наш дом. Изгоре и моето пијано, и велосипедите и сите прекрасни книги на моите полици. Овие од говорница велат од утре ќе правеле ред. Од утре. Тоа утре изгоре во Кочани. Го нема утре за сите тие изгубени животи, го нема ниту за нивните семејства. 30 и кусур години го чекаме тоа утре. И не сме сите криви, зашто сите не сме исто. Некој и во мракот упорно пали светло, некој молчи и живее во темнина од корупција. Нема утеха, нема зборови. Вонземска…

Read More

Дамјан Даневски, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовска се учениците од средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандандски“ во Штип кои настрадаа во несреќата во дискотеката во Кочани. Со нивните слики во рака, извикувајќи „Секој еден може да е следен“, Бараме правда за сите виновни“, „Државата тоне“ „Убиство“, „Смрт за корупцијата“, во Штип се одржа едночасовен протест и марш. Почнувајќи од Градскиот плоштад „Слобода“, марширајќи низ улиците и застанувајќи пред зградата на Општина Штип, каде што извикуваа „Секој еден може да е следен“, „Убиство“.

Read More

Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот.

Read More

Румена Бужаровска: Во толпата студентите почнаа да викаат У-А и да ѝ свиркаат на Министерката. Наеднаш се појави интервентна полиција и застана до неа. Министерката престана да зборува, а еден студент, веројатно од собранието (не видов кој) излезе и ни порача дека не сме тука за да правиме бунт, туку за да бидеме сплотени и да оддадеме почит кон жрвите. Тоа беше единствениот глас на студент или млад човек што го слушнавме по оваа трагедија на овој настан. Наместо да се извинат за ова што се случи, за системската неправда што со децении нѐ убива и кулминираше во Кочани во…

Read More

Две лица се уапсени во Сански Мост, град во северозападна Босна, под сомнение за трговија со луѓе, а нивното апсење уследи по откривањето на четири деца без родителска грижа во куќа, потврди денеска Обвинителството на Унско-Санската жупанија.

Read More