Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само вистината ќе ни’ прости

0
By Marija Todorovska on March 17, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 17, 2025 15:51
И затоа пред да продолжите на кантар да “ја мерите” вината и соучесништвото, направете ги уставните измени, не само како политичка, законодавна и уставна одлука на која сте обврзани, туку како човечка одлука од која брутално е засегнат секој наш поединечен живот. Ослободете го просторот од агонијата на “стоење во место”, на цела држава со или без свест и совест, за личните или туѓи интереси, кои тешко се контролираат при трагедии од ваков размер.

Никица Корубин
Механизмот за “цивилна заштита на ЕУ” е активиран од наша страна, во текот на вчерашниот ден, ден на огромна трагедија, за помош на настраданите во пожарот во дискотеката во Кочани, како земја кандидат за ЕУ. На ист начин како што беше активиран и за огромните пожари и лани и пред неколку години. Прва која ги превзема тешко повредените беше Бугарија, која ќе ги лекува во своите специјализирани центри, и која испрати и свој авион, преку или без тој механизам, сеедно. Таа ќе ги покрие и трошоците за пат и сместување на фамилиите.
Грција превзема тешко повредени во своите специјализирани центри, а повредени превзема и соседна Србија, која исто така испрати свој транспорт. Преку механизмот на ЕУ, се вклучуваат и други држави, Холандија, Романија, Хрватска, Словенија, Австрија, Унгарија; Турција превзема повредени кои ќе се лекуваат во нивните специјализирани центри. Таа ли е таа ЕУ “што не ни’ треба”?
Бесмислено ли сега звучи, латентниот и подмолен, говор на омраза, и постојаното хранење на нетрпеливост кон соседните Бугарија и Грција, формално преку дискредитација на политички договори, а суштински на развивање на фобија на лично и колективно ниво? Апсурдни ли се сега сите фрази за одржување на наменски создадените предрасуди за “клетите Грци” и “татарите и фашистите”?
Па, токму соседните ЕУ членки, први соседи и пријатели без размислување понудија помош и веднаш одговорија на нашето барање за превземање на тешко повредените и токму нивните лекари се борат за животите на нашите сограѓани. Затоа што нашите лекари не можат. Затоа што немаме специјализирани центри за овој тип на повредени во толку голем број. Затоа што немаат капацитет и елементарни услови. И уште ли “ЕУ не ни’ треба”?
Бесмислено ли сега звучат, сите површни флоскули за “дома сами да се реформираме”? И кој тоа “ние” ќе се реформираме, дали “оние” кои првите 24 часа од трагедијата ги поминаа во обид за контрола на “јавноста” и таргетирано лоцирање на вината за настан, кој можел и морал да се спречи. И во “ловот на вештерки” кој е во тек, активно се мери “во чиј мандат, на СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ” се прекршиле законите, кој бил министер, а кој бил градоначалник и здружено и трескавично се бара “некој Албанец”, по можност од ДУИ, за да вината биде накарадно проектирана. Вината лична, вината партиско/партократска, вината на “ЕУ не ни’ треба”.
И како “заробениот и нефункционален систем” ќе постапува без “ЕУ не ни’ треба”? Па, што не постапил тој систем кога изминативе 15-тина години во тој трошен, несоодветен и опасен објект не смеело човек да престојува, а не настани да се одржуваат? Што не постапи тој “заробен и нефункционален систем”, да ги лекува и третира настраданите во нашите болници? Што не постапи тој “заробен и нефункционален” систем во организирање и олеснување на агонијата на семејствата цел ден, кои ги бараа и бараат своите деца? На тој “заробен и нефункционален” систем “ЕУ не му треба” ли, па ја чува со манипулации и лаги од нас?
Затоа што очигледно, не само што “ЕУ ни треба”, туку без “ЕУ не се може”. Да не беше ЕУ, чиј заеднички механизам ќе активиравте? На кого ќе се потпревме? Кој ќе ги лекуваше нашите граѓани, кои се обврска на државата? Уште ли Бугарија и Грција “ни го загрозуваат идентитетот” или тоа било само параван, за ЕУ правилата и стандардите да не го загрозат “заробениот и нефункционален” систем? Одговорност мора да има, и истрага мора да има, ама мора да има и систем, базиран на вредности, правила и принципи, европски систем.
И затоа пред да продолжите на кантар да “ја мерите” вината и соучесништвото, направете ги уставните измени, не само како политичка, законодавна и уставна одлука на која сте обврзани, туку како човечка одлука од која брутално е засегнат секој наш поединечен живот. Ослободете го просторот од агонијата на “стоење во место”, на цела држава со или без свест и совест, за личните или туѓи интереси, кои тешко се контролираат при трагедии од ваков размер.
Вистината, која жестоко ја таргетирате цело време, можеби и ќе ви прости. Вистината за кочењето на државата, која до сега мораше да биде место, со започната темелна реформа на системот при преговарања со ЕУ, каде ваква површност, дилетантизам и негрижа, не смееше да се случи. Вистината можеби ќе ни’ прости.
Од Фејсбук ѕидот на авторката 
Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.