Author: Marija Todorovska
– Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО ДПМНЕ и Данела Арсовска е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево. Шукова изјави дека Скопје со години се соочува со сериозен проблем со отпадните води од канализација, кои директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина, се вели во соопштението од СДСМ.
Берлин: Десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без електрична енергија по пожарите што избувнаа на два електрични столба, изјави портпаролка на полицијата, наведувајќи постои сомнеж дека станува збор за „политички мотивиран“ криминален чин.
Европскиот парламент денеска ги одобри новите регулативи на ЕУ за спречување и намалување на отпадот од храна и текстил и за циркуларност во автомобилскиот сектор, со што ќе биде опфатен целиот „животен циклус“ на возилата, од нивниот дизајн, до конечен третман по престанокот на нивното користење.
Во Основниот суд во Струга денеска повторно беше одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Јилдз Веапоска од Дебар, поради барање на одбраната на првообвинетиот, за изземање на судечкиот судија.
Џелал Хоџиќ: Тоа што е специфично за Северна Македонија е дека политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда во нашата држава. Јас ќе ве потсетам кога Додик во сред Скопје, во присуство на премиерот Мицковски и добар дел од неговата Влада, испрати анти-НАТО и анти-ЕУ пораки, со јасни тези на големосрпската пропаганда. ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ дозволуваат големосрпската пропаганда од сред Северна Македонија да ги навредува и нашите стратешки цели како држава, но и нашите стратешки пријатели веќе во јасен континуитет. Извор: ЦивилМедиа
Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт
Можеме да го наречеме Стоилковиќ „наивен играч“, што можеби и е, но прашањето е чиј играч? Бидејќи, да повториме, тој е вицепремиер на владата на Северна Македонија, и неговите учества на настаните кои подолу ќе ги наредам хронолошки, не се тајни, туку сосема транспарентни. И тоа не го прави како лидер на својата партија, туку како претставник на Владата, и на сите граѓани ( сакале тие или не)! Дијана Тахири Да се нарекува „Српскиот свет“ само идеолошка или културна концепција е грубо потценување. Тоа е стратегија – стара, континуирана и внимателно градена – за проширување на влијание, поттикнување на национализам…
Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање утре во 10 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлогот за заклучок за вршење на надзор над работата на АНБ. Според договореното, со неа треба да претседава претседателот на Комисијата Скендер Реџепи.
Декларацијата за фер, слободни и демократски избори што ја предлага претседателот на Собранието, а која ќе се најде на дневен ред на пленарната седница закажана за 12 овој месец, не е потпишана само од пратеничката група на „Левица“.
Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порачал претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Тој посочил дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Македонија.
Иницијативата „Сите за Палестина“ денеска во 18 часот ќе организира протест пред Министерството за надворешни работи и надворешна трговија како солидарност со палестинскиот народ пред почетокот на 80-то Генерално собрание на ОН, каде ќе учествува и македонска делегација.
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип, по целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, поднесе обвинение против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје Мустафа Хајрулахи за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ од член 143, како и кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 став 1 од Кривичниот законик.
Братислава: Делови од центарот на словачкиот главен град – Братислава денеска се евакуирани откако при градежни работи беше откриена бомба од Втората светска војн, соопштија официјални лица.