Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови регулативи на ЕУ за отпадот од текстил и храна и за дизајн, повторна употреба и рециклирање на возилата

0
By Marija Todorovska on September 9, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 9, 2025 15:29

Европскиот парламент денеска ги одобри новите регулативи на ЕУ за спречување и намалување на отпадот од храна и текстил и за циркуларност во автомобилскиот сектор, со што ќе биде опфатен целиот „животен циклус“ на возилата, од нивниот дизајн, до конечен третман по престанокот на нивното користење.

Со Регулативата за отпад од текстил и храна се предвидува намалување на отпадот на прехранбени продукти до 31 декември 2030 година за 10 отсто од капацитетите за нивна преработка и производство и за 30 проценти од малопродажбата, рестораните, останатите угостителски објекти и домаќинствата.

Овие цели ќе се пресметуваат на ниво на секоја земја членка врз основа на просечното количество на генериран отпад во периодот од 2021 до 2023 година.

Со документот се предвидува и поттик за економските оператори да ја донираат непродадената храна, која е безбедна за консумирање од страна на луѓето.

Во делот на отпадот од текстил се предвидува производителите да ги покриваат трошоците за собирање, сортирање и рециклирање на отпадниот текстил, одредба што ќе почне да се применува во рок од 30 месеци од стапувањето во сила на директивата.

Оваа одредба се однесува за производителите на облека и додатоци, обувки, ќебиња, постелнина, кујнска галантерија и завеси. Земјите од ЕУ можат индивидуално да воспостават вакви правила и за производители на душеци.

Секоја година, во ЕУ се создаваат речиси 60 милиони тони отпад од храна, односно 132 килограми по лице и 12,6 милиони тони текстилен отпад, при што само од облека и обувки се генерираат 5,2 милиони тони отпад или 12 килограми по лице. Се проценува дека во целиот свет во нови производи се рециклира помалку од еден отсто од целиот текстил.

Регулативата за автомобилскиот сектор пак има за цел да го поттикне неговиот премин кон циркуларна економија преку намалување на влијанието врз животната средина поврзано со производството и третманот на возилата по престанокот на нивното користење, како и зајакнување на одржливоста на индустријата за рециклирање автомобили во Европа.

Обврските предвидени со Регулативата нема да важат за возилата за специјална намена, оние за потребите на вооружените сили, цивилната одбрана, противпожарните тимови и службите за итна медицинска помош, како и за возила од историски и посебен културен интерес.

Новите возила треба да бидат дизајнирани така што ќе овозможат лесно отстранување на што е можно повеќе нивни делови и компоненти од страна на овластени капацитети за третман, со цел нивна замена, повторна употреба и производство и рециклирање, каде што тоа е технички можно.

На текстот на Регулативата одобрена од Советот на ЕУ, европратениците усвоија амандмани со кои се предвидува шест години по нејзиното стапување во сила секое ново возило да содржи најмалку 20 отсто рециклирана пластика, во рок од  години – 25 проценти. Со амандманите се воведуваат и построги правила за третирање на возилата по престанокот на нивното користење, како и за извозот на стари возила, со кои се забранува нивно извезување доколку се смета дека повеќе не се соодветни за користење.

Сега Советот ќе треба да се изјасни по новата верзија на Регулативата со амандманите усвоени од ЕП.

Според статистичките податоци, во 2023 година во ЕУ биле произведени 14,8 милиони моторни возила, а регистрирани 12,4 милиони. Активно во просек се користат 285,6 милиони моторни возила, при што секоја година околу 6,5 милиони од нив завршуваат на отпад.

ЕУ отпад регулативи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.