Author: Marija Todorovska
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информираше дека од тројцата нови пациенти од пожарот кои се пренесени од Кочани во Скопје, двајца се сместени во Клиничкиот центар, а едниот е сместен во „Осми септември“. Со тоа, во болниците во Кочани и во Штип нема пациенти од трагедијата во дискотеката.
Денска во 12 часот пред платото на УКИМ студентите се собраа да запалат свеќи за жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани, да положат цвеќиња и да искажат поддршка на повредените.
Дванаесет повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Белград. Девет од нив се на Урентен центар изјави денеска Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници.
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од функцијата по трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица.
Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани.
Прес конференција на министерот Панче Тошковски.
Директорот на Судска медицина Александар Станков кажа дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.
Бугарската Влада на вонредна седница ќе донесе одлука вторник (18 март) да биде прогласен за Ден на жалост во знак на солидарност со Северна Македонија, изјави премиерот Росен Жељазков пред новинарите во селото Дамјаница, општина Сандански, јави БТА.
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција информира дека пациентите од пожарот во Кочани се во генерално стабилна состојба, а 20 пациенти се во критична состојба. Тој најави дека можни компликации се очекуваат денеска и утре. Како што рече, има нови пациенти кои биле дел од трагичниот настан во Кочани, но не се пријавиле вчера, туку се пријавиле денеска.
