Author: Marija Todorovska
Обраќање на Панче Тошковски.
Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот.
Владата на Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник, 18 март 2025 година за Ден на жалост во Србија поради пожарот во Северна Македонија во кој загинаа најмалку 51 лице, а повеќе од 100 беа повредени.
Џабир Дерала: Ова е ужасен, црн, трагичен потсетник за сите родители, чии деца секојдневно се изложуваат на ризици поради отсуството на грижа за безбедноста и превенцијата. Милионски се профитите на газдите на клубовите и дискотеките. Кога би вложиле дел од својот мрсен профит во безбедност и превенција – трагедијата во Кочани немаше да се случи. Милионски се буџетите и на институциите чија задача е да се грижат за безбедноста на луѓето. Да инвестираа повеќе во безбедноста, а помалку во партиски вработувања и пи-ар, оваа трагедија немаше да се случи. Линк
о моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
Од министерство за здравство информираат дека 18 лица кои се хоспитализирани се во критична состојба.
Студенти по медицина се самоорганизираа да помагаат околу настраданите од трагичниот настан во Кочани.
– Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите.
118 повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави Таравари.
Претседателката Гордана Силјановска Давкова е пред Градската болница „Свети Наум Охридски“.
Министерот за внатрешни работи даде изјава пред полициската станица во Кочани.
