Author: Marija Todorovska

Ерол Ризаов: Упадот во правосудниот систем, невиден досега, на што сме сведоци деновиве со јавна демонстрација на неограничена моќ, од законодавниот дом направија партиски преки суд за арогантно противуставно инсталирање на селективна правда. Тажен беше вчерашниот ден во Македонија, 11.03.2025 година, да се гледа и слуша расправата во Собранието за измислена противуставна колективна интерпелација на членови на Судскиот совет. Линк

Read More

Неодамнешните активности на Соединетите Држави може да го навестат нивното повлекување од најистакнатата мултилатерална институција во светот. Парадоксално, сепак, рушењето на мултилатералниот поредок што САД помогнаа да се воспостави пред речиси осум децении, може да послужи како катализатор за поголема меѓународна соработка.

Read More

Меѓународни организации остро реагираа на одлуката на албанската Влада да ја затвори платформа ТикТок во Албанија, оценувајќи дека „целосното затворање на платформата е екстремно ограничување на слободата на изразување“.

Read More

А да закупиме плантажи во Африка на кои ќе се одгледуваат манго и папаја, па со карго авиони ќе си ги носиме во Владата. Така ќе им ги затвориме устите на злобните медиуми кои нè критикуваа и не нè оставаат раат да си уживаме.

Read More

Со 77 гласа Собранието на Република Северна Македонија денеска изгласа недоверба на Весна Дамева, член на Судски Совет. Според заклучокот, Дамева имала значителен придонес во загрозување на независноста, професионалноста и угледот на судството и судиите и придонела за падот на довербта на граѓаните кон судството. Воедно, се наведува дека таа ја занемарила и не ја извршувала својата функција во работата на Советот, а поради изгласаната недоверба, го губи легитимитетот да учествува и одлучува во работата на Судски совет.

Read More

Во Собранието на Република Северна Македонија започна расправата по интерпелациите за членовите на Судскиот совет. Прва на дневен ред е интерпелацијата за поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева.

Read More

Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото,  рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.

Read More

Премиерот на Онтарио, Даг Форд изјави дека во понеделник ќе започне наплата од 25 отсто за извозот на електрична енергија во три американски држави, предупредувајќи дека целосно ќе ја исклучи струјата доколку САД воведат нови царини за канадски стоки.

Read More

На 11 март, денот на раѓањето на мајката на сите македонски писателки – Оливера Николова, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја востанови наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади.

Read More

Министерке Димитриоска-Кочоска, вие седите на оваа удобна фотелја благодарение на народот, кој ве гласал и за кој треба да работите. Многу попаметно ќе ви биде да си ја намалите суетата, која ви извира од секоја пора, зашто нема вечно да бидете на функција. Тоа го знаат и пилците надвор. А, ако продолжите со истото темпо, многу порано сами ќе си ја закопате сопствената кариера.

Read More