Author: Marija Todorovska
Во сабота, , 8 март, ќе се одржи марш за женски права од слоганот: „Нека јадат ружи!“.
Пожар избувнал денеска во стан во зграда на 5-ти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема.
Бесим Небиу: Се работи за политички проценки и стратешки позиционирања во пресрет на локалните избори. ДУИ има проценето дека во услови кога ВМРО-ДПМНЕ е толку доминантна во однос на СДСМ според рејтингот, а СДСМ се дистанцира од било каква соработка со ДУИ, додека односот меѓу двете опции во албанскиот блок е врамнотежен, како што е случајот во моментов – гласовите на етничките македонци ќе бидат пресудни во средините каде Албанците се мнозинство, како што се Тетово, Гостивар, Струга, Чаир, итн. Победата во овие 3-4 општини ги одредува перцепциите за победник и губитник во албанскиот блок. Во ваква ситуација, ДУИ сама…
Тирана: Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога станува збор за највисок процентуален раст на туристи во последните пет години, преовладуваат други дестинации, а Албанија е на прво место. Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели премиерот Еди Рама, објавувајќи ја табелата и најавувајќи понатамошно зголемување на бројот на туристите.
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека конфликтот во Украина станал посредна војна меѓу САД и Русија и дека ќе биде неопходно да се најде начин да се стави крај. „Претседателот Трамп верува дека ова е долготраен конфликт кој дошол во ќорсокак, и искрено, тоа е посредна војна меѓу нуклеарните сили: САД, кои и помагаат на Украина, и Русија“, изјави Рубио за Фокс њуз, објави на сајтот Стејт департментот.
Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.
Средношколците од Белград повикаа на генерален штрајк. Утре во 15.30 часот ќе се соберат кај Славија, а потоа ќе направат протестна прошетка.
Европскиот совет ќе расправа за промените во меѓународната средина поврзани со безбедноста, одбраната и Украина на вториот вонреден состанок годинава во Брисел. Во разговорите се очекува да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Минималната плата треба да се зголеми овој месец, но за колку, се уште не е познато. Согласно законот, зголемувањето би требало да биде околу 1.800 денари, а синдикатот бара зголемување за 6.000 денари и придонесите за разликата до 30.000 денари, колку што би изнесувала минималната плата, да ги субвенционира Владата. Оттаму пак велат дека пари во Буџетот за оваа намена не се планирани. Се согласуваат со секое решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, но со целосно подмирени трошоци од страна на работодавачите.
Брисел: Студентите по медицина во Фландрија, Белгија, следната академска година ќе започнат со обука за лекување воени повреди.
Граѓаните револтирани од високите сметки на ЕВН продолжуваат со повиците преку социјалните мрежи за организирање протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќаше високи сметки за струјата.
Мексико Сити: Телата на девет лица кои исчезнаа во јужниот дел на Мексико минатиот месец се пронајдени масакрирани на автопат, заедно со торба во која се наоѓале нивните раце, пишува Дејли Меил.
