Author: Marija Todorovska

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Косотова острој ја осуди арогантноста и непочитувањето на жените што повторно го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ. Како што истакна таа, синоќешното интервју на Гордана Димитриеска-Кочоска на Сител беше јасен приказ на односот што оваа партија го има кон жените во нашето општество.

Read More

Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес доцна вечер ќе почне 97. церемонија на доделување на наградите Оскар на Академијата за филмски уметности и науки. Меѓу фаворитите се филмовите „Емилија Перез“, „Бруталист“, „Конклава“.

Read More

Во СВР Скопје синоќа било пријавено дека на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола. Утврдено е дека Н.Н возел под дејство на алкохол, по што бил лишен од слобода, а возилото  е одземено за понатамошна постапка.

Read More

Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Велика Британија, Франција и Украина се договориле да работат на планот за прекин на огнот што ќе им биде претставен на САД.

Read More

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција апелираа до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на ЕВН.

Read More

Додека сирените алармираат и проектилите удираат во градовите, ова е војна што сè уште беснее, и покрај сите разговори за нејзино завршување. Русија не отстапува од своите барања за политичка капитулација на Украина и целосна контрола на четири региони.

Read More

Ова е приказна за тоа кога кукавиците се среќаваат со херои и за неверојатното непочитување кон Украина. Америка сега стои на крстопат: Ќе застане ли со Зеленски или ќе се сврти кон тираните? Или, со други зборови, во овој момент на борбата за слобода, изборот на Америка (и светот) е помеѓу демократијата или покорување кон тиранијата.

Read More

Денеска се одржува масовниот протест под називот „Студентски едикт“ во Ниш. Протестот започна утрово во 9 часот.  Собирот траеше до 11 часот, а учесниците на протестот потоа тргнаа на протестна прошетка до плоштадот Крал Милан, каде со 15-минутно молчење им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата. Ова го означи почетокот на официјалната протестна програма, која е предвидено да трае до три часот по полноќ.

Read More